Македонијa се дијалектите, ракијата, Македонија се ората на којшо им се смеете

Македонија се дијалектите, Македонија е беровското ‘еле’, кочанскио ‘шоп’, скопското ‘секад’, струшкио ‘пипун’, штипското ‘шч’, охридските цени😂, гевгелиското ‘уф’, битолското ‘муфте’, кумановското ‘ичера’ и уште еден куп локализми шо прв пат ги слушате.

Македонија е шопското ќемане, галичката зурла, делчевскио тупан, Македонија се ората на којшо им се смеете.

Македонија се книгите од Рацин, Вапцаров, Караманов, Наумови, Цепенков, Блаже, Анте и Гане за којшо немате време.

Македонија е ракијата шо ве горче па ја менете со фенси дестилати, и храната шо ви мирише чудно пошто е природна.

Македонија не е квота у билтено, нити кафињата по штабови, нити работните места преку партиите, нити партиските сиромашни пароли, нити истетовираната Вергина и Исус.

Зависни сме, од сопствената глупост, од шо ќе кажат големите и од седативи. Честита независност, дедовино киднапирана!

Посетено 8.159 пати