9 нешта што момче може да ги направи за девојка и се поинтимни од секс

Кога ќе спомнеме интимност веднаш помислуваме на секс. Не знам за вас, но јас последен пат имав секс… по ѓаволите, не можам ниту да се сетам.

Сексот може да биде интимен, но во поголем дел од случаите не е. Интимноста претставува блискост, и и покрај тоа што физички сме блиски за време на сексот, со мислите може да сме на сосема различни места.

Вистинската интимност се потпира на знаење- познавање на луѓето толку добро, можеби и подобро од самите нив. Не е тешко мажите да станат поинтимни со нивните жени.

Барем не онолку колку што некои мислат….но ќе треба малку да се потрудите. Еве неколку работи кои би сакале да ги пробате

1. Кажете и дека е убава

Голем број на мажи секојдневно им даваат комплименти на своите жени. Разликата помеѓу нив и вас е во тоа што кога вие ќе и кажете на жената дека ви се допаѓа тоа што е убава, тоа не е со задни намери.

Вие не им ги кажувате работите кои илјадници жени сакаат да ги слушнат само за да спиете со нив. Го велите тоа само на жената која ја сакате и во тој момент таа е најубавото нешто што некогаш сте го виделе.

Откако жената знае дека вие ја сметате за сензационална, однадвор и одвнате, таа никогаш нема да се грижи дека можете да се оддалечите или да се сомнева во вашите чувства. Довербата е најинтимното нешто што двајца можат да го споделат.

2. Напишете и љубовно писмо

Многу нешта можат да се кажат без зборови, но жената сака да слушне колку вие ја сакате.

Дадете и писмо и таа ќе може да го чита секогаш кога ќе и недостигате или кога се чувствува несигурна во вашата љубов, така ќе се чувствува многу посигурна и посреќна.

Не мора да сте добар писател за да напишете убаво љубовно писмо. Само наредете зборови, најдобро што умеете дека таа претставува цел свет за вас. Немојте да го куцате, напишете го со својот ракопис така што кога таа ќе ги гледа напишаните зборови да има чувство дека го мислите она што сте го напишале.

3. Заедно отидете на одмор

Еден од најдобрите начини за да станете поинтими со вашата љубовница, да ја запознаете и разберете подобро е да отидете на долго заедничко патување. Не само на викенд, туку минимум на две недели.

Интимноста претставува доближување до другата личност. Нема подобар начин да разберете една жена од тоа да ја ставите во невообичаени, несекојдневи ситуации.

Луѓето многу добро знаат да се скријат позади своите маски кога се чувствуваат удобно, кога се во познато опкружување.

Понесете ја таа личност и ставете ја во напозната средина, нешто што претходно го нема искусено и ќе имате можност да ги запознаете нејзината најинтимна природа, начинот на којшто таа ги прифаќа несекојдневните информации, а потоа употребете го тоа за да донесете вистински пресуди и одлуки.

4. Грижете се за неа кога е болна и дозволете и таа да се гружи за вас кога вие сте болни

Ако сакате да станете поинтимни со вашиот партнер тогаш ќе треба да ја прифатите не само во добро туку и во лошо. Жал ми е дами, но никоја жена, ниту пак маж не изгледа добро кога кашла.

Кога жената е болна, таа е , буквално, најранлива. Размислете за тоа како ќе се чувствувате кога физички изгледате ужасно. Се обложувам во животот дека во тој момент вие не сте онаа весела и пријатна личност како вообичаено.

Од таа причина, крајно интимно е тоа што ќе и дозволите да ве види во таква чувствителна состојба. Ќе видите колку далеку е подготвена да оди за вас и колку вие сте подготвени да и покажете.

5. Спијте заедно (без секс)

Лесно е да делите кревет со жена, без разлика дали ја сакате или не. Потешкиот дел е да не посегнете кога прекрасната жена која лежи покрај вас ви вели дека не е расположена или не е подготвена.

Нежното гушкање без понатамошни намери значи дека вашите чувства се поголеми од вашите либидни нагони од кои страдате. Милувањето на жена бидејќи ја сакате значи дека имате потреба да сте блиску до неа поради тоа што ве прави среќни.

Овој вид на среќа трае повеќе од една ноќ, таа трае цел живот.

6. Гледајте се во очи подолго време

Многу малку нешта во животот, покрај средбата со очите можат да направат да се чувствуваме непријатно. Се вели дека очите се прозорци на нашите души и без разлика чии се, тие не се грешни.

Со гледањето во очи на вашата љубовница не можете да ги откриете нејзините најдлабоки тајни, но тоа ќе ви покаже колку комфорно се чувствувате еден кон друг.

Колку подолго можете да гледате, толку покомотно се чувствувате. Ако сакате да ги срушите бариерите во вашата врска фокусирајте се на подолги контакти со очите.

7. Запознајте го нејзиното семејство

Личноста не е само една личност, таа е збир од сите личности кои имале влијание за времето додека таа растела- особено нејзиното семејство. Ние ги базираме сите наши врски во животот на оние кои сме ги имале со членовите од нашето семејство.

Тие се нашите најстари врски и поради тоа што тие се од нашите најрани години во голема мера влијаат на начинот на кој ние гледаме на меѓучовечките интеракции и односи.

Најчесто за вашата партнерка можете да дознаете повеќе од луѓето кои ја опкружуваат, отколку од неа самата.

8. Празниците поминувајте ги заедно

Човечките суштества фокусираат голем дел од енергијата на задржување на традицијата. За жал, на овој начин навистина е тешко да се дојде до напредок бидејќи никој особено не ужива во промените. Сепак, има уште многу да се каже за значајноста на традициите.

Имајте на ум дека традициите кои таа ги почитува во иднина ќе сака да ви ги пренесе и вам и на децата коишто еден ден ќе ги имате заедно.

Секогаш е добра идеја да поминете време со луѓето кои сакате подобро да ги запознате за време на некои традиционални моменти и прослави. Тоа ви овозможува да разберете и некои други случаеви.

9. Не правете апсолутно ништо

Најинтимното нешто што двајца можат да го прават е да не прават апсолутно ништо. Размислете за тоа колку и е тешко на повеќето од нас да не прават воопшто ништо. Се чувствуваме вознемирено, непријатно, досадно.

Замислете си како лежите до љубовта на вашиот живот и не правите ништо освен што ја впивате реалноста и дишете за моментот. Интимноста не значи дека мора нешто да се случува. Таа не вклучува само здобивање со податоци и подобро разбирање.

Најчистата форма на интимност е заедничкиот живот, не заедно да делите ист стан туку да живеете во смисла да дишете и да го слушате биењето на вашите срца.

Доколку вие и жената која ја сакате се чувствувате комотно додека не правите ништо, тогаш вие најверојатно ќе се чувствувате така и во однос на се останато.

Посетено 17.463 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!