Момо Капор: „Потешка од граѓанската и верската војна е онаа која секој ја води сам во себе.“

Пред два дена, се одбележаа 10 години од смртта на Момо Капор, славниот српски сликар, книжевник и новинар.

Помина една цела деценија од смртта на „најбелградскиот“ писател, хроничар на ноќта и љубовта, секако еден од најголемите српски книжевници.

Момчило Момо Капор беше контрадикторен човек: најбелградски, а роден во Сараево; писател, а сликар; циник, а романтик. Токму затоа неговите приказни се толку полни со боја, проповедани со особена дарба за скицирање на секојдневноста во нешто фасцинантно.

Кафеаните на Врачар како и понатаму да чекаат тој да влезе, а некоја друга Уна и понатаму го крши срцето на своите професори. Неговите книги и понатаму се меѓу најчитаните, можеби затоа што се преполни со љубов.

Постојано Момо зборуваше за некакви љубови. Понекогаш возбудено, понекогаш меланхонично, најчесто во страв да не забележиме каков идеалист, всушност, беше.

Зад себе остави бројни дела, мисли и цитати. Во негова чест, решивме да издвоиме десет од нив, како симболика на секоја година помината без него, односно една цела деценија…

„Патриотизмот не е идеологија, тоа е работа на домашното воспитание. На тоа баба ти те учи.“

„Работите не вредат онолку колку што им е цената, туку онолку колку што во нив сме вложиле љубов.“

„Никогаш немаме доволно време за оние кои не сакаат, туку за оние кои ги сакаме.“

„Избери момче кое ќе те однесе дома да те запознае со родителите, а не со својата спална соба.“

„Денес секој има мобилен телефон, но многумина немаат кому да телефонираат. Никогаш не може да составиш две добра.“

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа што не постои нешто за кое копнееме.“

„Потешка од граѓанската и верската војна е онаа која секој ја води сам во себе.“

„Можеби среќата се состои во тоа на време да престанеме со трката по среќа? Да стигнеме до животот пред лекарите да ни забранат пушење, алкохол, храна, капење, сончање и љубов?„

„Љубов… таа е тешка како болест и кога човек има среќа да ја преживее, засекогаш му остануваат лузни кои болат во одредено време: при спомнување на некое име, во некое бледо предвечерје, со музика која никогаш сме ја слушале, дури и при брзинскиот поглед на уличниот часовник под кои сме се среќавале.“

„Ѕвездите паѓаат и дење, само многумина не се во состојба тоа да го видат.“

Посетено 526 пати