МЕДЕНА ЗЕМЈА, а усти полни горчина… – Татјана Алексиќ

МЕДЕНА ЗЕМЈА, а усти полни горчина…
Кога не можеш од срце да се израдуваш на нешто реално и видливо убаво, нешто значајно за културата на земјата што ја газиш дур го врвиш животот, кога бараш ,,влакно во јајце” , име, изглед, кадар или парче облека за да им ја ,,закантачиш” личната фрустрација и претопиш во колективна невротичност, тогаш со своите небулози само го потврдуваш фактот дека на светот постојат две раси, раса луѓе и раса нелуѓе, со две можни мутации во воспитани и невоспитани. Не може да се сокрие зад параванот на интелектуална титула немоќта за човечка доблест, ниту зад празните фрази во име на ,,искреноста” убедувања за смелост да се каже сѐ без влакно на јазик, (всушност е без грам мозок), критизерство без компетенција и слични бла, бла, бла привлекувања на внимание од типот колку поскандалозни и навредливи- толку почитани… МЕДЕНИ ни се децата, медењаците Тамара и Љубомир, креативни, умни и трудољубиви, медна да ни е устата кога зборуваме за нивниот документарец ,, Медена земја”. Малку воспитаност и почит при јавните препукувања, или земете лажичка мед со вода да ви се облагороди горчливата уста, превентивно, оти медот не лекува, превенира…

Татјана Алексиќ

Посетено 11.717 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!