Ја, пораките у инбокс, Паја Патак и сиромаштијата…

Текнува ли ви на оние пораки у инбокс шо ги пишуваш саат време, уште толку време ги едитираш, уште толку собираш храброст да стиснеш ентер, а од кога се одлучеш и го напраеш тоа, исклучеш го месинџеро, одјавеш се од фејсбук, заклопеш го лап-топо, извадеш сите осигурачи у куќата, идеш на пивце, напраеш се зелка, искоче ти лест-минат лет за Бразил, одеш тамо, запознаваш извесен шаман шо случајно се симнал до градо да пазаре нешто, одеш со него, праеш Ајахуаска, отвараш чакри, размислуваш како никогаш до сега и у најинтензивните екстази на себеспознание и светоспознание укопчуваш дека Паја Патак никако не носе гаки нити панталони, а после туширање става крпа околу половината….

На мене ми се има дешавано, само пошто сум сиромашен завршив кај ‘напраеш се зелка’…

Посетено 414 пати