Ана од „Пеперминт“ плени со своите цртежи! Ќе се заљубите во нив со само еден поглед… (ГАЛЕРИЈА)

Не постои човек кој не слушнал за македонската рок-група Пеперминт или барем случајно/намерно не налетал на некоја од нивните песни… „Ако“, „Девојката со точакот“, „Зошто не се смееш?“ и многу други песни.

Но, овој пат главниот акцент го ставаме на новата уметничка надеж, Ана Трифуновски, вокалистка во рок-бендот, која што е вистинско чудо!

Ана започнала пред месец дена од нигде никаде да црта, а сега веќе брои цртежи на кои многумина можат само да им позавидат. Како мајстор на перо што раскажува приказни кои се премногу добри за да бидат вистините, а ги чувствувате како веќе да сте дел од нив, како вајар што обликува тела на кои што жените можат да бидат само љубоморни, така и Ана создава лица на девојки во кои мажите би се заљубиле без да трепнат, а жените би биле завидливи. Иако е само цртеж…

Кога во прашање е талентот, за него велат дека тој е само 5-10%, а се останато е само вежбање и усовршување. Ана имала талент цел живот, а маестрално го усовршува од ден во ден и нејзините фејсбук пријатели се вистински сведоци за тоа.

Немаме ништо што повеќе да додадеме, освен да ви ја преточиме убавината која доаѓа од вештите раце на Ана Трифуновски.

Ана, на светот му се потребни повеќе уметнички души како тебе!

Уживајте…

 

 

Посетено 1.469 пати