Меки кифлички со маргарин

[fblike]Меки кифлички со маргарин
Кифличките се вкусни во текот на целата година, но некако се особено во фокусот за време на новогодишните празници кога се идеален додаток на секоја трпеза, било да е во комбинација со свежа или пак со руска или пилешка салата.
Состојки:
Бело брашно – 1100 гр.
Масло – 300 гр.
Млеко – 500 мл.
Јајца – 3
Шеќер – 2 лажици
Сол – 1 лажица
Свеж квасец – 50 гр.
Маргарин – 1 пакување
Сусам 
Инструкции:
Чекор 1:
Во млако млеко ставете квасец, малку сол и шеќер и оставете да надојде. Во друг сад помешајте масло, сол, јајца и шеќер на кои потоа ќе им го надодете и млекото со надојдениот квасец. Со брашно замесете го тестото и оставете го 30 минути на топло место со цел да надојде.
Чекор 2:
Надојденото тесто поделете го на три дела. Секој ден посебно развлечете го со сукало во круг со пречник од 45 сантиметри. Со нож исечете на 12 или 16 делови ако сакате помали кифлички.
Чекор 3:
Растопете 50 грама од маргаринот и со помош на четкичка премачкајте го секој триаголник, а потоа свиткајте го во кифличка. Ставете ги во плех на кој претходно сте изрендале маргарин (околу 75 грама) и оставете уште половина час на топло место.
Чекор 4:
Кифличките премачкајте ги со матено јајце и сусам. По желба на секоја од од нив можете и да додадете едно парче маргарин. Печете во загреана рерна 18 до 20 минути на 200 степени.
Посетено 2.781 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!