84% ОД МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ ДА СЕ ИСЕЛАТ: Другите 16% не биле анкетирани

Во последната анкета за тоа колку македонските граѓани сакаат да си заминат од државата се покажа она што сите го знаеме, сите сакаат да си заминат, само некои немаат пари за бугарски пасош, а други се во куќен притвор.

„Како главна причина за заминувањето се високите плати и стравот на граѓаните од тоа да не ги расипат парите, а втора причина е како што изјави Каракамишева пред некоја година, невозвратена љубов“ стои во анализата.

Пророк, професор Татјана Каракамишева

Другите 16% од македонските граѓани не биле анкетирани.

ГледајтеФчерашни новостиво недела од 19:30 часот наКанал 5“.

Посетено 386 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!