Не е дека јас без тебе не можам

не е дека јас без тебе не можам ех, како што би рекле старите дека без секој се може и дека човек со човек сраснат не е дека секој сам се раѓа и сам умира ех не е дека јас сум од твоето ребро создадена а дека ти си мојот јаболков грев или дека без тебе не би се снаоѓала не е дека...

Бои

Црверна како крв Зелена како младост Бела како невеста Жолта како знамето Црна како никогаш Сите како револуција

За вистинската љубов

Вистинската љубов нема претходен план. Таа не се случува по испланирано сценарио. Таа едноставно се случува. Љубов не се дава со цел. Љубов не се дава за да добиеш нешто за возврат. Не се дава по претходно напишан и зацртан план. Едноставно таа се случува и секое нејзино дава...

Не кажувај му лаги на чоек

Не кажувај му лаги на чоек Не го труј, душата не му ја погани Оти тешки се лагите Како во чаша полна убо бело вино Долу тонат и се таложат И со секоја нова виното истекува Та после чоек пие само отров Не му лепи на чоек лаги во душата Оти бисери му земаш А внатре ќумурчињ...

Сокриена душа

Таму далеку во густата шума каде дрвјата се најгусти, каде зеленилото е најраспространето, каде очите те болат од зелената боја, каде птиците ги пеат најубавите песни, песни од рајот, таму длабоко во таа шума сокриј ја душата. Сокриј ја никој да не може да ја најде, никој да ...

Ветерот и јас

Јас и ветерот…  Како воздух и вода.  Како сонце и дожд.  Како љубов и верба.  Како радост и смеа. Нераскинливи, неуништливи, колку и да ја користи својата моќ да ме оддува далеку, јас сепак останувам цврсто на земја и не му дозволувам да ме однесе. Знае дека е моќен, свесен...

Мислата како решение

И кога сите бродови ќе потонат, ти помисли на брод кој плови. И кога небото ќе биде темно и мрачно, ти помисли на сино и чисто небо. И кога секој ден ќе ти врне дожд, ти сети се на сончевите зраци како ти ја топлат душата. И кога солзите не ти престануваат, помисли на насмевк...

Насликај ме како што ти сакаш

 Земи ја четката и нека те води твојата фантазија.  Насликај ме полека, не брзај, насликај ме по твое.  Нацртај ми коса каква што ти сакаш, долга, нежна, убава.  Нека биде по твој вкус. Точно онака каква е во твојата фантазија.  Нека мириса нежно, со блага нота на овошни аром...

Што си ти?

Се прашувам што си ти што ми одзеде од моето скапоцено време преостанато и пресметано до секунда од мојот живот. Што си ти што ме турна да паднам во најголемата црна и мрачна бездна… Црна, мрачна бездна во која паднав неколку пати. Паѓав и при секој мој пад се бор...

Зборови

Љубовни…Нељубовни… Немирни…Спокојни… Еден кажан збор, цела една приказна… Приказна со убави емоции, приказна со различни чувства… Приказна добра, приказна лоша…Колку може зборот да боли? Од каде му нему таква огромна моќ да може и умее да...