Зошто времето е пари?

На времето бавчата “Македонија”, карши “Кооператива”, беше местото на кое можевме да испиеме едно до две пивца по завршуењето на корзото. Доволно за да фатиш фајронт. Многу често не служеше Панче конобарот кој шо,  јавна тајна беше,   у сметката , при собирањето, го додаваше и датумот во месецот. Затоа, ние најчесто идевме од 1 до 10 у месецот (ова беше само оправдуење пошо толку и ни беше џепарацот).  Една вечер, по кркнати солидна паричка од Студентска задруга за извршени работи на Скопски Панаѓур, седнуеме на пивце, праиме мало вечи цех и на фајронт го викаме Панче да платиме. Цех, што да ти причам. У пизду материну.

-Панче, шо е ова бе?time is money

-Вибам копиљаците, знаете дена денес е 30. Јуни?

-Аман бе чоек!?…види…малку милост…знаеш…

-Дечки, ВРЕМЕТО Е ПАРИ! – вели  Панта, бута пари у то буџеларот шо му беше ко поштенска торба и више не праи муабет.

Ми текнуе денес за ова и си се замислујам малку  колку време, усвари пари, поебуеме дневно за безвезни ствари.

Стануеш сабајле и под туш 20-30  мин. Бричење, преку QR им е на сите мажи али, јебига, док не измислат депилаторна крема мора и тоа.
Почитуеш препорака од стручњаци дека дневно треба да се испијат 2-3 литри вода. Уз перење зуби гуташ  0,2 л. али мораш да  надокнадиш уз пиење на Аспирин  и Пресолол. Док се облакаш, кркнуеш една јабука, која велат,  е обавезно да се изеде секој ден. Уз јабуката нели, потребна е и една банана пошо била пуна со  калиум а и добра против пролив кој може да те стегне на пут до работа. Да, но мора да кркнеш и една шоља зелен чај кој бил добар за се`. Додека се облакаш не е лошо да се изљупи и една помаранџа или лимун пошо Ц витаминот му е потребен на организмот.
Уше не си излегол од дома а више ти доаѓа да го измочаш и искењаш сето тоа шо си го набутал у мево за само еден саат. Пошо  дома више немаш време а доле те чекаат у кола,  кај Нико набрзинка пазариш  еден јогурт , пун со добри бактерии кои му мањкаат на секој оранизам. Јебем ти бактерии!

Путујеш до работа 40 мин, ако не ти се накалеми некој со “Л” таблица пред тебе. Ако ја имаш таа курата среќа, немаш среќа со газдата. Му објаснуеш дека бело вино  је добро за нервниот систем.  Пошо ужива да те нервира, ти вика: не! Идеш кај колегите у другата соба а тие смирени ко  кобила пред парење. Мора да имаат бело. Кркнуеш една чаша и и мирен си до ручек. Да, али стручњаците викаат дека уз ручек е добро да се попие и една ракија, добра била за циркулација  и една чаша црно вино за елиминација на триглицериди и холестеролот.
Кај мене се високо над референтни вредности па покушавам да неутрализирам со две чаши.
Пивото е добро за кардиоваскуларните болести и ја као редовни пациент на Клиниката за кардиологија од срце, какво е такво е,  го почитујам ова правило до максимум. Уместо една чаша бутам по 2-3 пивца, нормално, за да срцето ми биде поздраво.

Дневните оброци треба да бидат поделени у 5 дела но,  треба да се обрне внимание секој залак добро да се изџвака…најмалку 58 пути пред да се голтне. По ова се прашуеш: Па добро бе пизда му материна, ќе измислат ли некад симит погача  у течна состојба па да ја убутаат у некоја лименка? И не само симит-погача…сарма у туба, мусака у флаша…Шо QR арчиме дневно по 3-4 саати на исхрана? Идеш фино лепо кај Ники у гранапче и му викаш:
-Брат,дај една лименка, десетка со кромид, мртов гладен сум…само глеј шо повруќа!… и уместо 1/2 саат решаваш проблем за 4-5 мин.
Нормално, после секој оброк зубите треба темелно да се измијат. Стручњаците велат дека тоа треба да трае најмалку 5 мин. иако сите прекинуеме со перење по највише 2 мин.

Секој ден, нормално за да бидеш во тек со настаните, треба да се пролиста еден дневен весник или да изгледаш барем едни Вести на ТВ. На facebook, twitter  секој нормален македонец арчи најмалку 2-3 часа. Е, нема баш ја да бидам ненормален! Дружењето или телефонските муабети со  другарите, пријателите и  пословните партнери не треба да се занемари па на негување на ваквите дружења трошите, дневно во просек 1 час. Возењето точак, ролањето и пешачењето се дел од здравиот живот, мора да се упражњаваат а  на нив дневно треба да се потроши најмалку 1  час. Сонот како потреба, ако се изземе сексот, би требало да трае најмалку 6 часа.Јебига, сам сум крив, ради сексот, шо кај мене трае само 3 часа.  (Изглеа и на смислуење на лаги се арчат 5-10 мин. У тек на денот. Пладневниот одмор од 1/2 до 1 час не влегуе у пресметките на претходните 6 часа. Пазарењето на Зелен Пазар, ако не го  шетате 2-3 пути ко онаа мојана, одзема минимум 30 мин. а уште ако ви текне да пазарите маици, гаќи, патики и прслуци времето се арчи за додатни 3 часа.
3 испиени кафиња дневно одземаат 30 мин.
10 испушени цигари 50 мин.

Ај сеа, да собереме и  да ја видиме пресметката. За еден нормален работен ден вам ви се потребни 30 часа!

Решение?
Има!

На пример, додека се туширате да отворите то устата и внесете макар 1/2 л. вода од потребната што треба да ја испиете.
Кафето што треба да го испиете го помешувате со сармите  па и џвакањето полесно ви оди…секој залак у ваков случај го џвакате 23 пути.
Додека возите точак, ролате или пешачите читајте  дневен весник.
За време на телефонските разговори со другарите и пријателите користете момент  да мавнете некоја четка у зубите, да погледате ТВ Вести, убаците некој Like на Facebook и се посексате со вашата партнерка која лупи компири за мусака но истовремено низ подотворената врата на другата соба ја гледа 187 епизода на “Дневникот на Фериде”.

Коа ќе размислиш, у право бил Панче!

Посетено 1.658 пати

Бата Џанго

Бата Џанго

Бата Џанго