ЖИВА ЗЛОБА

Се мислам што да пишувам
За љубов?..ај не
За болка?.. ај не, па нели нема да пишувам за љубов
За опасност да не изумрат китовите?
И тоа не, познавам еден кит што никогаш нема да умре,
мада што не е вистински кит, човек е
Ај ќе напишам рецепт :
„Си била една кришка леб …“
ЅРРРРР ми ѕвони телефонот, непознат број, срање
мрзам непознати броеви, најчесто за лошо ѕвонат
„да“
„ јас сум, имам нов број“ – го слушам НЕЈЗИНИОТ глас
„ааа, добро“
„што правиш?“
„ништо, ми се пишува нешто ама немам идеја“
„па напиши нешто за мене“

riba_majkatiitatkoti

„а не, денес не пишувам за љубов и болка“
„па што врска има тоа со мене?“
„брзо забораваш“
„ај не сери“
„добро ќе напишам нешто за тебе, ај чао“- се исклучив
Штом сака ќе напишам рецепт ама и неа ќе ја спомнам,
ќе биде главна ѕвезда во рецептот
„си била една чварка што се викала….ма не чварка него коска од риба ……“
……………………………………………………………………………..
п.с. уф ама сум злобен денес, тоа дека кашлам највероватно

Посетено 377 пати