Женски рулет – петти дел

Прочитајте го четвртиот делzenski-rulet-petti-del„Знаеш дека ова не води на арно, нели?“ – рече Тања и го испи шотот виски.
„Кога идело пиење на арно па и ти?“ – одговори Кире и го повтори ритуалот.
„Тогаш може да направиме еден човечки муабет?“
„Не сум спремен за муабет, не сум доволно пијан.“
„Порано можевме за сè да зборуваме трезни.“
„Порано не бевме ретардирани и се немавме сплеткано.“
„Знаеш дека не те сакам кога си пијан.“
„Знам дека општо не ме сакаш…“
„Не биди злоба. Јас…“
„Ти што?“
„Јас заебав работа.“
„Никогаш не е касно.“
„Дознав за Тијана и Томе. Томе ми кажа.“
„И се мажиш за него?“
„Ми вети дека нема повеќе да се случи…“
„И сега ќе се залапате, а?“ – рикнаа Кате и Фросина од смеа и им се обесија на Кире и на Тања на врат.
„Па да не дојдевте, можда. Сега нема никогаш да знаеме.“ – иронично и со доза на болка искоментира Кире.
Додека немо зјапаше во Тања на вратат само тој дел од разговорот од вчера му се враќаше како флешбек. Како ќе ги објасни двеве кокошки кои полуголи му шетаат низ стан, додека тој со само чаршав на него отвора врата. Тие неколку секунди откако ја отвори вратата до првата реакција од Тања му изгледа како вечност. Илјада и една варијанта му поминаа низ глава. Во едно сценарио добиваше шамар и почнуваше жестока расправија. Во второ Тања влегуваше во станот и почнуваше да шамара другарките. Во трето, и најизводливо сценарио вртеше грб и експресно ја снемуваше по скали без да има шанса да се објасни.
„Сериозно, што се случи меѓу вас што сте олку на нож? Сфативте дека се сакате и се уплашивте од можните последици?“ – праша Светле која дополнително им се закачи на сите околу вратот.
„Тања, повели, објасни им на другарките кој е проблемот.“ – рече Кире и се напи уште еден шот виски.
„Нема проблем. Апсолутно нема проблем. Ти си инает, белосветски. Јас сум љутаџика најголема. Ме изнервира за ситница, не се извини, јас ти памтам. Тоа е тоа. Ти ми никна на девојачко како што те дал Господ, јас ти простив за сè, сега пиеме, после ќе пиеме уште малку, утре цел ден ќе нè боли глава, попладнето ќе се собереме кај тебе дома за рекапитулација на вечерта како и секогаш, ќе видиме кој што памти ќе се смееме и јас во сабота ќе се мажам!“ – ужаснато промрмори Тања колку што може побргу и испи две чашки едно по друго.

baner-igor-forza

Втор флешбек, и сега веќе тој почна да се лути. Лицето му се смрачи и веќе не му беше важно што ќе се случи. Егото му беше подесено на максимална заштита и простор за објаснување немаше. Таа него го окарактеризира како само другар пред друштвото – автоматски таа не заслужува ништо повеќе од тоа. Таа се мажи за некој ден. Таа, таа, таа и никој друг. Ова е последен пат што си троши време и зборови со неа. Сега има да си каже сè.
Само што ја отвори устата да каже нешто Тања го заобиколи и си влезе во станот. Како што ја отвори така и му остана устата. Се заврти да види што се случува и виде како Тања се упатува кон троседот во дневната. Кате и Фросина во меѓувреме се облекоа и тие се упатија кон дневната и седнаа до Тања. Како при некој тивок телепатски договор сите беа седнати и го чекаа да дојде. Комплетно беше збунет. Се напрегна да сфати што се случува, но резултатот беше само потсетник на главоболката која се зголемуваше секој момент.
Отиде до вецето и ја затвори вратата. Почна да си ги мие забите и да си плиска вода во лицето. Стандарден ритуал за него. Од шкафчето извади кафетин, витамин Ц бедоксин. Ги мавна трите бели апчиња набрзина со колку што може повеќе вода и повторно се напрегна да се сети на нешто друго.
„Зошто одиш со Томе?“ – срамежливо праша Кире додека Тања се шминкаше.
„Какво ти е тоа прашање?“ – збунето се сврти Тања и се размачка со карминот.
„Па сигурно не е прашање за во циркус, кловну Тањо!“ – рече Кире и прсна во смеа.
„Кретен глуп си, ме извади од памет и се решив поради тебе!“
„Извини, ама да се видиш низ мои очи и ти би се смеела. Него, те прашувам зошто одиш со него бидејќи ми изгледа како да не ти е баш најсјајно.“
„Па со кого да идам, со тебе ли?“
„Со… со… со мене?“
„Што се збуни бе лепи? Не касам, не се секирај.“ – незгодно се насмевна Тања.
„Па треба да бидеш со некој кој те сака и почитува, а сигурно не со некој копач ко твојов.“
„Некој кој ме сака и почитува? Хм, кај има таков бе? Или има дечковци кои сакаат и почитуваат уште сто цури паралелно или има кои имаат потенцијал да сакаат и да почитуваат ама немаат муда да кажат што сакаат.“
Имало знаци значи. Каков дебил сум јас – си помисли Кире, ја зграби крпата, се избриша и реши за прв пат во живот да постапи правило, машки и храбро. Ќе излезе од вецето, ќе седне на троседот со сите и ќе слуша. Да, да, да. Што и да е пресудата ќе ја ислуша. Како возрасен, а не како избувлив тинејџер. Ќе си го голтне егото и ќе го прифати тоа што ќе му го кажат.
Надвор сите три седнати и никој ништо не зборува. Почна да добива напад на паника. Ако претходно беа сто сценарија во глава, сега милион комбинаторики беа во игра. Збунет само ја повлече фотелјата кон средина и седна без да каже збор.
„Ај јас да скршам мраз како на времето, може?“ – рече Кате.
„Слободно.“ – со олеснување одговори Кире.
„Вака, ајде да идеме чекор по чекор како и секогаш. Кој што последно се сеќава? Јас последно се сеќавам наааа… А, да. Го испивме Џекот во диско и свртевме на текила. Ужас идеја. Моја за жал… А и Светле кидна да се штрака со Ангел.“ – резимираше Кате.
„Јас памтам дека тргнавме пешки навака ние тројца, а дека Тања фати такси за некаде.“ – додаде Фросина.
„Јас памтам дека немам воопшто спиено и дека плачев цела ноќ и дојдов тука бидејќи не можам…“ – рече Тања.
„Не можеш што?“ – праша Фросина.
„Не можам да се мажам за Томе.“
Одново молк. Кире не се осмелуваше да праша тоа што висеше во воздухот, но имаше претчувство дека тој муабет е неизбежен. Прв пат во животот реши да молчи.
„Ти што ќутиш бе, кажувај тебе филмот до каде ти е!“ – списка Кате.
„Немам филм, ама ме маваат тахикардии моментално.“ – одговори Кире препотен од паника.
Фросина одеднаш ги ококори очите и збунето почна да гледа наизменично во Крие па во Тања. „Леле ми се врати филмот! Кире нè донесе тука мене и Кате, почнавме да се глупираме, успеа да не набуцка за тројка, отидовме во спална…“
„Ау, да!“ – викна Кате. „Почна да ни го прави оној муабетот од пред сто години за листата која треба да ја пополни до триеска. Почна да ни кажува дека уште две работи му останале нечекирани. Секс со црнкиња и тројка.“
Кире сакаше да пропадне во земја. Многу добро ја знаеше Тања. Само што ќе го завршат девојкиве муабетот таа ќе се насмее, ќе си стане мртва ладна и ќе си отиде засекогаш од неговиот живот. Ова, всушност, е изговорот кој ѝ е потребен. Кец на десетка. А кој друг можеше да ѝ го овозможи тоа ако не тој. Генијално.
„Да, го однесовме во соба, го фрливме на кревет почнавме да се соблекуваме и тогаш почна тој… ДА ПЛАЧЕ!“
„Молам?“ – збунето ги погледна Кире.
„Што молиш бе обратен еден. Почна да плачеш, како девојчица! – се изнасмеа Фросина. „Се отвори како прозор во загушлива просторија. Почна да се исповедаш дека ја сакаш Тања и ни ја кажа цела историја меѓу вас.“
„Да, да, така е, сега се сеќавам и јас.“ – потврди Кате. „И пошто заспа на сред муабет, а и ние бевме кленови, решивме да си легнеме до тебе. Нит секс видовме нит бутур.“
„Чекај малку, ај он што призна дека ја сака Тања, ама ти мори го сакаш него? Затоа ли нема да се мажиш со Томе? – викна Фросина.
„Го сакам, да. И не, не поради него, туку поради себе. Пошто знам дека е Томе гомно и пошто знам дека не ме заслужува.“ – одговори Тања.
„И сега што?“ – збунето и со блага доза на среќа праша Кире.
„Сега, бидејќи ко на групна терапија, а баш сме сите зрели за терапија, дознавме дека јас и ти се сакаме редно е да го исчистиме тој твој список што требаше да го завршиш до триесет за да можеме ја и ти свежо да почнеме нешто без да треба јас да ти исечам јајцата некој ден во сон!“
„За чистење не можеме баш да го исчистиме. Немаме црнкиња.“ – рече Кире со голема и смотана насмевка преку целото лице.
„Затоа нема да биде тројка, туку ќе биде четворка, а ти нема А да кажеш до крајот на животот, разбра!“ – рече Тања, ги фати Кате и Фросина за рака и тргнаа накај спалната. Како што одеа натаму парчиња облека паѓаа по подот. Кире не можеше да се соземе од среќа…
Расказот е извадок од романот - Исповеди на еден психотичен ум

Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор

Извор | Fail.mk
(Посетено 541 пати, 1 денес)

Оставете одговор

*