Важно имам цигари

„Зоки колку сонциња постојат?“
„Па едно, она големоно жолто што свети преку ден“
„А зошто мајка ми ми вика дека сум нејзиното сонце?“star
„Па тоа е заедничко сонце за сите а секое дете е мало сонценце“
„И до кога ќе бидам сонценце?“
„Секогаш ќе бидеш сонце на мама а кога ќе пораснеш
и ти ќе имаш свои сонценца“
„а после ?“
„што после ?“
„кога ќе умрам?“
„Нема никогаш да умреш“
„Сите умираат“
„Не умираат, само веќе не живеат тука“
„Па кај живеат?“
„Живеат на некоја ѕвезда,
гледаш колку ги има на небото?“
„Да“
„Е па секој човек си има своја ѕвезда
и еден ден ќе заспие и наместо да се разбуди во кревет
ќе се разбуди на небото, на својата ѕвезда“
„аха…. а сега ќе ми направиш Нес-Квик?“
„ма 100 ќе ти направам само не ме прашувај вакви работи“
-си мислам во себе
Го испи и ме прашува –„ а сакаш утре да се разбудиме на некоја ѕвезда?“
„ма мала си ти..ехехе, уште колку време имаш,
да завршиш градинка, па школо, па ..“
„ама сакам, многу сакам“
„добро овака ќе направиме..ај ти легни во креветчето,
јас ќе легнам покрај тебе на под, ќе жмуриме и ќе замислуваме
дека сме ѕвезди..може?“
„може“
Така и направивме, после некое време ја слушам
како безгрижно спие и решив да станам.
Се исправам, сакам да искочам од собата
ама наместо да чекорам јас лебдам????
Баш чудно,
гледам наваму-натаму
и на подот, веднаш до креветчето го гледам
моето безживотно тело.
Аха, тоа било работата,
сум умрел во сон…јбг, мирна смрт, да не се жалам.
Си брцнав по џебови,
па среќен од откритието дека имам 2 неотворени кутии цигари
ги раширив рацете и тивко одлетав накај ѕвездите,
накај мојата ѕвезда
Посетено 473 пати