Трaмадоли


Ајде сега пушти си ја од Nirvana – Polly
свари си супичка и кр’кај трамадоли
Нем да слушаш Мирко Попов, и кавери на Идоли
Биди добар дечко и кр’кај трамадоли
Запиваме се на Џолин, од госпожа Партон Доли
меземе марулка и рендани трамадоли
Молим те не ме нуди ќофтиња од бруколи
знаеш дека сум на свинско и шака трамадоли
Облачајте се деца, не се акајте голи
Ќе треба да купувам Фервекс, и за мене трамадоли
Да знаете дека Исус, на 12-те апостоли
у црвеното вино и бутал трамадоли
Пушам Давидов 100’s, затнувам алвеоли
после ќе пушам курандара и ќе кр’кам трамадоли
Гледам штрајк пред владата, клатат се пароли
демонстрантите на ајвар и леб, и под јазико трамадоли
Од неоргански соединенија, највеќе поштувам соли
Доручкувам си бони-топ, со малку трамадоли
Времето е грипозно, утепа не пролив и мрсоли
Облачаме чорапи со оцед, а успат и трамадоли
Апел до цајканите, да не се курчат со тие мотороли
И они ќе завршат со Алцхајмер, или на трамадоли
Почна вилицата да ми се тресе како железа од коњски коли
Одам да завалам огино, и да грувам трамадоли

Кирил Стоименов – Дилер у Зегин

Посетено 611 пати