Ти си мој!!

Ќе ти напишев песна,
ама пустото останав без зборови.
Ќе ти подарев ѕвезди
да ги гледаш додека уживаш во ноќите бессони
Ќе ти компонирав мелодија,
па да се створи најубава симфонија.
Ќе ти нацртав портрет,
да те гледам до недоглед.
Ќе те наречев муза,
поубав од секоја илузија.

Но, не…

Поетот пишува кога е гладен,
страден по своите копнежи и желби,
врежани длабоко во неговата мисла.
А, јас?
Јас сум птица овој пат со двете крилја,
едно ти си ти, другото пак сум јас.
Летаме, а не знаеме каде…
Без компас, без патоказ, без ништо на себе…
Голи и бесрамни го допираме врвот,
ја гасиме жедта и повторно го достигнуваме максмумот кој овој универзум може да ни го подари.
Летаме без да го допреме тлото,
без да се вратиме на дното.
Заедно сме едно, заедно сме целосно,
и духовно и мисловно и телесно.
Ти ми припѓаш на мене,
а јас ти припаѓам тебе.

Тогаш што ќе ти се зборови,
кога добиваш дела??
Што ќе ти е мелодија,
кога имаме музика цела??
Што ќе ти е слика,
кога те имам во секоја прилика?
Ти си повеќе од муза, ти си повеќе од инспирација, ти си поголем од сите божества…

Ти си мој!!

Посетено 425 пати