Тежок ден за сите нас…

Утрово се разбудив со тапа болка. Ноќеска едвај заспав. Тежок ден е за сите нас. Некои пишуваат цели страници, статии, статуси од по неколку параграфи. Но, јас сум толку скршена што не можам ни да посветам нешто повеќе…

Можеби помислата дека секој еден од нас патува со автобус, можеби затоа што понекогаш е потребна секунда да те снема, можеби затоа што во овие моменти сфаќаш дека сите сме ништо друго освен луѓе… Денов ќе биде тивок, некаде исполнет со плач, некаде со исчекување, а можеби и бесен.

Денес е ден на љубовта, јавете се некому и кажете му дека го сакате или извинете му се ако сте се скарале. Ќе му значи, верувајте!
Еден ден навистина нема да можеме… 

п.с. Огромна почит кон солидарноста на моите сограѓани за укажаната наклоност за помош кон семејствата на повредените и оние кои ќе ја даруваат својата крв да спасат нечиј живот.

Посетено 273 пати