Среќна Нова на сите, па и на животните!

Пристигна Новата година, со неа нови предизвици и нови желби кои се спремни да се остварат, дел од нив зависат од нас, дел зависат од луѓето околу нас.

Мојата најсилна желба за оваа година е да престане сеењето на гнев и бес врз животните. Едноставно како човек кој многу љуби животни, не можам да ја поднесам таа болка, да го разберам тој гнев и да го поддржам тој грев! Дури, како да ми тргна во некаква си рима… Ама нека, нека биде така… Риместо! (мислам дека тукушто измислив збор…)

Нејсе, само ден после Новата година имаше случаи на мртви животинки… What the hell?!

Чисти мисли, чисти луѓе во кристално чистата Нова Година?! Да бев Сергеј, ќе парадирав со NO, NO, NO!

Скоро пред две децении влеговме во 21-виот век, 21-виот век… Луѓе измислуваат спејс-шатели за идење на Марс, познатите од Холивуд купуваат плацови на Марс… Ние замревме во камено дома и убиваме животни, што е следно? Нивно печење за вкусна вечера?! Грозно…

Никогаш не мешам политика во моите колумни, па ќе ја изоставам и сега. Политичките желби за обичните смртници како мене, ќе ги изоставам, и ќе продолжам со желбата за правата на животните.

Уште колку протести ќе направиме за да ги заштитиме Шарко, Бела, Бесни, Џивџи, Мила, Бонго… И илјадници други за вас само имиња и молби за донации… Да повторам сите тие донации што секојдневно ги читам по ФБ групите за животните, се всушност нанесени штети од луѓе…. Од луѓе за животни преку луѓе… Магичен круг… А, сè би било полесно, кога луѓето не би ги повредувале животните и не би ги оставале милениците на милост и немилост…

Животното не може да ти здодее… Животното не е плишана играчка, што може лесно да ја замените со друга, животното не е чоколадо со поминат рок кое треба да го фрлиш ако не го изедеш на време… Животното не е пиво кое треба да го истуриш само затоа што се стоплило, животното не е чорапа која што и да ја изгубиш, нема да ти е криво затоа што си навикнат да немаш цел пар чорапи…

Животното е обврска, но и доживотен пријател. Ако нешто би сакала да стане реалност, тоа би било животните да можат да живеат колку нас… За никогаш да не мораме да ја почувствуваме таа болка… Одново и одново…

Животното е дар од Бога, ќе те насмее… Ќе те стопли, ќе те гушне со своите две предни нозе и ќе те натера да се смееш до бесвест иако си ронел солзи претходната ноќ како луд… Животното ќе те разбере, ќе допре до тебе… Но, нема да разбере зошто секој ден одиш некаде и се враќаш после 10 саати уморен и тажен… Те влече и те тера да се прошетате… Ти се влечеш, но по кратко време уживаш во прошетката…

Се враќате, се гушкате и гледате филм. Утрото почнува со кратка прошетка и обележување на територијата, ако си во стан секако. Ако живееш во куќа и имаш двор со бокс, тогаш имаш вистински благодат….

Нејсе, да се вратам на муабетот… Ако не си подготвен да го отвориш срцето за некого чиј секој нов залак е ризик, секое ново поминување улица е предизвик, секое ново скривалиште е ново искуство… Не го земај, не го повредувај, не го убивај. Не само физички, туку и психички…

Немој… Животните имаат чувства! Животните имаат права! Животните имаат повеќе од име!

Среќна Нова, дечки!

Посетено 1.639 пати