Како се лечи шинат прс од лева нога

prs-naslovna_majkatiitatkoti

Како се лечи шинат прс од лева нога (според најновите сознанија на ФенгШуиБрусЛиСабина&другарите: се зема прс од десна нога на благо угоено, поуистрчано прасе, благоупокоено. Вечерта пред повредата, мора да отстои у маринада/пац (лук шорт, магдонос и босилок од најблиската црква) уз пригодна музика од Дарио и Мик Ст.Николе.

Сабајлето, се викаат оближните баби (јако тапирани) и се принесуваат рогови од тапир. Прстот и роговите се сликаат у профил, строго со Полароид апарат. Фотката се става до ногата на повредениот, одма, со енергично џускање и ѕенѕање. Кога со све ова ќе се соочи персоната сос повредениот прс, одма и е боље и се препорачува во наредните 6 саати да гледа кон крстот на Водно, пеејќи ја во себе „Роденден, мала забава“ од Марјан Стојановски.

Проверено – прашај паталец, не мечувалец.

Посетено 1.042 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски