НЕМА

Пред некој ден ми се јави еден стар пријател
и ме искара: дај жити сè, не ставај
такви песни на тоа фејсбукот,
нè расплака и мене и жена ми!
Му одговорив дека смртта е нашата
втора врвца (што не се сече при раѓање)
и дека уште од првиот плач
е замолкната во нас.
А он си продолжи: дај бе не ме зезај,
има ли нешто полошо од тоа да те нема,
да не можеш да гледаш телевизија?
Нема, му одговорив.

Посетено 547 пати (1 денес)