Не доаѓај

visnji drva cvetaat

Не доаѓај,
Јас таква гладна
Ти полн синило, чекање и самотија
Не доаѓај
Најсвои сме сами, еден без друг
Затоа не доаѓај
Подобро цутат вишните од татко ми
Тогаш кога никој не ги гледа.
Не доаѓај
Што арно ако дојдеш?
Јас уште погладна
Ти уште посин во синилото
Двајцата не ќе се ни видиме
Нит нешто повеќе ќе си кажеме.
Најдобро се гледаме
Кога не се видуваме
Со превез околу очите
Тогаш знам како ти удираат дамарите
Во слепоочниците
И ти ги препознавам невериците
Несониците
Непознатиците
Сите оние во кои ме бараш мене-ми сличните
Оти гледаш дека гладна се задушувам
Од синилото на твоите изгрејсонца.
Не доаѓај
Чуму твоето доаѓање?
Кому ќе му служи?
Ќе има ли за што некој да се радува
Од твоето доаѓање
Ништо арно од твоето незаминување
А уште полошо ако дојдеш
Така наеднаш развигорен
Од желбата да се видиме.
Аман не доаѓај
Љубовден не расипувај
За смртта на младувањето
Не потсетувај
За немирите и непокорите ли ќе зборуваме?
Тогаш ич не доаѓај
Сонцата се поубави кога го чекам
Твоето недовршено доаѓање
Ете затоа- не доаѓај.
Слушаш ли?
Сериознособлазнително ти кажувам
НЕ ДОАЃАЈ.

Автор: Лилјана Пецова Илиеска

Посетено 883 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!