На здравје!

na zdravje_majkatiitatkoti
На сите кои во моментов
се смеат, се бакнуваат,
си подаваат раце, се бодрат,
му се радуваат на мигот, пеат под туш,
освојуваат планини или се сончаат,
кои слушаат музика со љубовта.
На концерти, во кафичи, дискотеки…
на сите кои уживаат, каде и да се.
На сите кои брзаат да се вратат дома
и на оние кои токму сега бегаат.
На оние кои водат љубов (алал да им е).
На артистите кои си точат пијалак
по добрата претстава, свирка, песна…
На сите кои во кафеани го слават
крајот на уште една работна недела,
им наздравувам со високо
крената чаша.
Животот, на моменти,
и покрај сите гоменици,
може да биде многу убав.
Им наздравувам на сите
кои вечерва безрезервно
уживаат во него.

Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор

(Посетено 1.036 пати, 1 денес)
Јовица Ивановски
Автор
Јовица Ивановски на Facebook

Поврзани Статии

Оставете одговор

*