Мики извини нешто да те прашам?

zgrada-pocetna_majkatiitatkoti

 

Се враќам од ништо-не-праење и пред
да влезам во зграда
ме запираат комшиите
„почекај малку да не настрадаш“
„зошто би настрадал?“
Во тој момент покрај мене пролетува тело
и силно треска на бетон
Од прашината се издига оној Мики од I-ви кат
„у пичку матер, пак ништо“-разочарано вика и влегува во влез
„што му е на овој“? -ги прашувам
„а бе сака да се убие ама никако не му успева“
После некоелку секунди ете го Мики пак
треснува на бетонот и пак жив-здрав станува
„Мики извини нешто да те прашам?“
„кажи Зоки“
„ако сакаш да се убиеш џабе се фрлаш од 1-ви спрат,
дојди кај мене фрли се од IV-ти
и готово..инстант флека ќе се направиш“
„а кој ти кажа дека сакам да се убијам? .. се бањав
и ми влезе вода во уво, сакам да ја извадам“
„па не се прави така бе смотан .. треба да скокаш на една нога…“
„пробав тоа ништо, ја мавав главата во ѕид..пак ништо“
„ај дојди со мене, знам како“
Кај мене во кујна..му ја ставив главата во тостер
го уклучив на 3-ка и полека притискам
„добар си?“
„да, можеш и појако“
Притискам посилно, уште посилно
и наеднаш ПУФФФ, главата му се сплеска
„леле извини, да не претерав?“
Не ми одговара .. го отварам тостерот..јасно ми е,
го убив човекот несакајќи ..никогаш нема да ми
ги врати оние 50 евра … ама тоа е ,
нема назад, барем да го искористам до крај.
Ја отсеков главата, ја намачкав со маргарин, ја посипав со
црн и бел сусам, неколку зрна ленено семе
појачав на 4-ка и на крај супер тост испадна морам да признам
Такво богатство на вкусови и текстури
не се јаде секој ден !!!
Дефинитивно сум махер во кујна, која ќе ме земе
ќе се усреќи … а тек како иде со пиво…мхмхх
Него ај утре да не заборавам да се јавам во Нигериска Амбасада
Они гарант знаат некој добар рецепт со
остатокот од телово …. или да го носам во печињара,
знам една добра во Куманово.. се мислам што е подобро ?

Посетено 5.720 пати