Македонска просечна плата


Ако некој зима 10 илјади денари плата, а некој 30 илјади, просечна плата за нив двајца е 20.000. На првиот, износот на просечнава плата ама баш ништо не му значи. Нема зошто да ѝ се радува, недостижна му е. На вториот слично, неважна му е, бидеји е помала од неговата реална плата. Во основа, можеш да покачиш просечна плата во секое време така што нема да им ја чепкаш платата на сиромашните, ама ќе ја зголемиш платата на побогатите. Оти во основа, тие се тие кои го дигаат просекот затоа што разликата во висината на платите е огромна. На пример, само на овој што зима 30 илјади денари плата да му ја зголемиш на 40, веќе добиваш просечна плата од 25.000 денари. Можеш да се фалиш со неа колку сакаш, ама сиромашниов сигурно нема да ти каже фала

Средната плата која ги покажува работниците според износот на платите на половина, т.е. под и над неа, е интересен показател, ама многу многу со него не се барата, оти е политички неполезен

Минимална плата? Е тоа е веќе нешто друго. Ги таргетира и посиромашните. Добар чекор беше зголемувањето на 12 илјади, ама и тоа е малку. Следното зголемување треба да е минимум на 15 илјади денари.

Толку. Колку да се има на ум

Посетено 943 пати