Како можев да се реинкарнирам во прасе?

1zokiprase_naslovna
А таман ми тргна во животов
Завчера се фатив со најубавата и најпаметна
девојка на свет, Сара се вика, по баба и’
(иако другарите викаат дека не е баш толку
паметна штом се фатила со мене, ама тоа
и не е битно, друг ми е муабетот)
Вчера уплатив спортска за која сум сигурен
дека ќе ми донесе милион пари, како и обично
А денес.. денес отидов да и’ купам Тоблероне
на Сара и најдов едно стопено во излог со добар попуст
Жив среќен го купив, ми го замотаа во украсна хартија
и само што искочив од пиљарата ме згази кола
Што да ви кажам, дечкото со белото Ауди
ме сплеска на место, такво газење не сте виделе
Ама да бидам искрен коректен беше, ич не се мачев
Него од секогаш сум мразел реинкарнација
и кога видов во што сум реинкарнирал
збеснав од мака- замислите од толку можни форми
и суштества јас се вратив во светов како прасе
и тоа не обично кое среќно се бања во кал
туку во тазе заклано и обесено на ченгел кај Перо во месара
Ама тоа е, умирам од досада, чекам некој да ме купи
и испече за да можам пак да реинкарнирам
кога ја гледам Сара влегува
Леле радости, сакам да ја викнам
ама не можам да зборам, ај некако успеав
да и’ трепкам со очите , ваљда ќе ме види
ама јок, не ме ферма
И тогаш шок, дечкото што ме згази влегува,
ја гушнува и демек неприметно ја фати за гз
Леле да не бев мртов и обесен на ченгел
главата ќе му ја скинев, копиле едно
Пошто бев единственото прасе одма ме купија,
ме однесоа дома и без многу церемонии
ме фрлија на печење
Среќа што ја затворија вратата од рерната
па не ги гледам што прават, иако и тоа што го слушнав
беше премногу
Него еве ја рернава скоро е на 200 степени, кај и да е
пак ќе ми дојде времето за реинкарнација
Само се молам да се реинкарнирам во нешто гадно
на пр. во свинска тенија или вирус на ебола или
лепра или некоја друга спороумирачка болест
и има душата да им ја извадам на Сара
и овој новокомпоноавниов мрсул
Ќе видат они……..
Посетено 1.602 пати