Јовица Ивановски

Немојте да ме труете со здрав живот!

Пушењето убива а умираат и непушачите. Алкохолот е штетен но и непијачите се смртни. Тревата не ја легализираат оние на кои најмногу им треба. Здрава храна, рецепти за долговечност… ништо не есапам. На што се должи твојата младоликост? – ме прашуваат постојано. На нездр...

Некои луѓе

Со испружени раце и со изострени глави се туркаат безмилосно кон својата приземна цел. Бараaт помош кога се во неволја, даваат сè од себе за себе. Широкогради се кога зајмат а нудат со рацете зад грб. Ја сакаат вистината што не боли, болни кога лагата не лечи. Велат дека лагата е...

Ден по ден, расте животот

Ден по ден, расте животот. А дека е важна секоја секунда ќе сфатиш дури во последната минута. Толку луфта, меѓупростор, празен ôд… Зјапање во празно, гледање лоши филмови, денгубење, читање тешки глупости… Ќе се умориш ли од мрзеливоста? Од лежењето на тросед поголе...

НЕМА

Пред некој ден ми се јави еден стар пријател и ме искара: дај жити сè, не ставај такви песни на тоа фејсбукот, нè расплака и мене и жена ми! Му одговорив дека смртта е нашата втора врвца (што не се сече при раѓање) и дека уште од првиот плач е замолкната во нас. А он си продолжи:...

Можеби е во право, не велам не

Мојата сопруга постојано ме прекорува дека сум се дружел само со изарчени. (Во таа категорија ги вклучува сите мои порочни пријатели: изгубени, полууспешни, пропаднати, па дури и некои етаблирани уметници.) Вистина е тоа, не велам не. Но со кого да се дружам? Со новите тајк...

Секој ден

Секој ден во годината е нечиј роденден или парастос. Годишнина од свадба и од масакр, од првата средба со љубената и од катастрофален земјотрес. Љубилеен или крвав, ден за одбележување или одложување, за парада или за црнина. Годишнина од Дарвиновата теорија или од освоју...

Да имаш во секое време

Да имаш во секое време резервно перце и резервна прва жица за гитарата. По неколку книги истовремено недочитани и дваесетина песни речиси недопишани. Да имаш грамофон под плочите на Висоцки, машина за громогласно пишување песни. Чиста чаша, шише, добар вкус и трпеливост и мал...

Ноќта

Со ноќи ме чека ноќта, мојата стара другарка. Од кога те нема? – се чуди. Те преспивав за да те избегнам зашто премногу те сакам. Опасница си ти, непредвидлива кога си видлива. Сум те сонувал безброј пати во сништа поцрни и од тебе. Сто пати сум си враќал филмчиња развиен...

Имагинарна

Кибритариме под цигарите, истураме надеж во чашите. Ќе си ги кажеме тајните, ќе си ги покажеме гаќите. Знаеме дека ќе се сакаме но не брзаме да се бакнеме. Твојот јазик нема клиторис, мојот не престанува да меле. Еден до друг со разбирање или еден во друг со стенкање? – никој н...

ЗА ВРЕМЕТО

Ноќва меѓу 2 и 3 ќе се смени времето. Нема да заврне снег, туку ќе се свртат стрелките на часовниците. Глуп сум и никогаш нема да сфатам дали напред или назад, но што е важно. Компјутерите, мобилните знаат и сами си го менуваат. Татко ми на времето имаше еден другар часовнича...