Јовица Ивановски

Не си млад за староста

Ја припитоми љубопитноста. Веќе ништо не ти е толку важно, секое збиднување може и без тебе: промоциите на кои не си го промовираш ликот, изложбите на кои не се клатиш на шајката на неминовноста. Светот е каде-каде поубав без тебе. Доблестите со кои некогаш се гор...

Менување програма

Течат вести во позадина – од едни мед и млеко, од други крв и гној. Вечерта е млада убавица што ќе остари преку ноќ. Ѕвездите веројатно веќе излегле на бината, но јас овојпат ќе ја пропуштам претставата. Нешто ми говори дека наскоро ќе се случи нешто многу убаво, не...

Да се вратиш во градот

Да се вратиш во градот кога улиците ги пустоши сонот и да ја паркираш колата под осветлениот прозорец, со дебела грижа на совест и со пријатно курвинско чувство дека некој не спие поради тебе. Да се вратиш во градот заедно со пролетта, од некој студен велеград, и со капут на рамо...

НЕ ТИ ГО НАЈДОВ ГРОБОТ

Не ти го најдов гробот во мермерната шума. По погребот барав ориентири за да се снајдам кога ќе ти дојдам на муабет, но ништо не сум запаметил. Петнаесет минути од гроб на гроб, чевлите отежнати од калта, главата од имиња и ликови, непознати и кога биле живи. За...

Пишувањето те спаси

Да не беше пишувањето, тоа ортомасто влакно за кое се фаќаше ко слеп за сламка, ќе те оплакуваа, одамна… Тие паузи од пороци, трезвени резови, кревање рачна пред бездна. Денови во кои се криеше од убавите луѓе, во кои бегаше од себеси за да се најдеш, во кои се инфузира...

Обесчувствителен

Бегам од чувствата, ги апстрахирам. Ги шутирам, ги дегажирам. Нема за нив место во мојата поезија. Има еден куп лигавици кои се лигават за да им се лигават над интимата. Читајте ги нив! Чувства, ви чукна последниот час; истајте се од мене, јас за вас ништо не чувстувам! Споко...

По Новата Година

Ноќеска милион петарди дупнаа милион балони. Внимаваме да не ги газиме небаре се презервативи полни со експлозив. Омајни се овие првогодишни утрински прошетки по празните глуви улици. Само старци и заскитани славеници кои го пијат првото утринско сонце како живо јајце. Ноќе...

Денови-заби

Годината има 365 заби и само уште неколку ù останаа. Следната недела, новата година ќе се смее со нови заби, наредени како бисери од гердани над гради. Или како заби на ајкула, наредени во три до пет реда – остри и убиствени. Знаете ли дека во текот на својот живот ајкулата мож...

ДА ПИШУВАШ ПОЕЗИЈА

Да пишуваш поезија на крајот на овој век е како да имаш отворено казанџиски дуќан во Ристиќева или пак како да продаваш резервни делови од Аполо ракети во некое село во тетовско. Да пишуваш поезија во ова жестоко време е како да бараш потонато благо од некоја средно...

Ако има господ!

Сакам во Куба, сега. Не откако ќе скине Кастро и Америте ќе им ја кастрираат суштината. Не би се вратил во Германија во 37-ма (тоа го живеам сега). Всушност, не би се вратил во ниту едно време, зашто на таквите како мене ретко кога им било арно. Сега и (не мора ба...