Јовица Ивановски

За вистинските…

Најнапредните се на алкохол, на хорс или се веќе мртви. Медиокретите се најопасни – суетни, злобни и осветољубиви. Не верувајте им на непорочните, ним дефинитивно нешто им фали. Секој е невин додека не го заебат, секој е виновен додека е над земја. Небото е сино, бог е назн...

Песни да, но без силување, ве молам!

Кога ќе ти избега мислата, не бркај ја, по неа следи друга, уште понедофатлива. Чувствата, да ги заробиш во песна – зарем тоа не е она што сите го очекуваат; и токму затоа, игнорирај ги! Ако го фатиш моментот, пеки, ако не (доколку знаеш што вреди, а што не), стуткај ја хартијата...

Живот во апостолки

Плажата му се плази на морето. Обврските се одврзани пци. Песок и жешки стапала. Книгата се чита сама, одново и одново. Чадорот засаден во песокот гордо му пркоси на ветерот. Погледот и бескрајот, перспективата и ти. Кротка квечерина и потквасена месечина. Газда си на својот мир,...

Немојте да ме труете со здрав живот!

Пушењето убива а умираат и непушачите. Алкохолот е штетен но и непијачите се смртни. Тревата не ја легализираат оние на кои најмногу им треба. Здрава храна, рецепти за долговечност… ништо не есапам. На што се должи твојата младоликост? – ме прашуваат пос...

Никогаш стар за старки

Првите старки ги купив во Трст, 1978-ма година, беа црни и високи. Вчера бев на матурска во старки, бели и ниски. Речиси 40 години дружба со моите стапала, не е мала работа. Си се замислувам на 80 години, подгрбавен, бастуносан, во старки во боја на хортензија, или на илови...

Четврточна

На моите другари кои ординираат секој четврток Ден за меана, од будење се познава. Сонцето е познат провокатор. Пролетта прави шпага на тераса. Работниот ден ќе биде скратен. Ќе се измкнеш, не ти е првпат – знаеш дека цело друштво те чека во Дебар маало. А кога ќе пристигнеш, ќ...

Имагинарна

Кибритариме под цигарите, истураме надеж во чашите. Ќе си ги кажеме тајните, ќе си ги покажеме гаќите. Знаеме дека ќе се сакаме но не брзаме да се бакнеме. Твојот јазик нема клиторис, мојот не престанува да меле. Еден до друг со разбирање или еден во друг со стенкање? – никој н...

Нема живот без Кафетин

Ене ми ја главата на ТВ, куглаат со неа. На другата програма еден идиот ја џигери со бејзбол палка. Некој ми кажа дека ја видел како се тркала од врвот на Марково Крувче. Можам да се пофалам дека имам здрава домашна аптека, но кафетин нема ни за лек. Ѕирнав низ прозорецот да ...

Не се дише

Смогот смогна сили. Смрди на сиромаштија. Ќумбињата ќе ни ги изгорат дишните органи. Но не се виновни ложачите – што треба да прават, да се мрзнат? Зарем кога би биле во можност не би ги хранеле со суви дабови трупци? Немаштијата ги присилила да ги товат со сè што им е за фрлање....

Средина на Ноември

Религиозноста не е наследна, исто како и талентот за уметност. Смрзната бања, од носот капе вода. Наутро шака апчиња, навечер ракија. Рутините се линеарни, животот кружен тек. Собните цвеќиња на терасата чекаат температурата да падне под нула. Покрај кејот трчаат ве...