Исус од семафорите

isus od semaforite_majkatiitatkoti

Уште од мал сум тежок филмофил
Најмногу ги сакам филмовите за Исус,
поготово Исус Обичен I,II,III IV
Исусу од Назарет I,II,III и IV
и Исус Не ми Текнува Кој I и II,
(III и IV не ги сакам , многу се комерцијални)
а поготово се палам на моментите кога
го распнуваат и додека некое ветре
му ја мафта мрсната коса
он си мисли
„кај и да е ќе воскреснам, после тешко вас“
Среќа што римјаните не читале мисли
па завршиле кај што завршиле.
Него друго ми беше муабет
Потикнат од тие сцени решив да го спојам
духовното со материјалното
Пошто за верски обележја не се плаќа кирија,
ми текна да поставам распнати Исуси место билборди
и за прва реклама, поробен пилот
ми текна на другар ми Зоки.
„Еј што правиш ..уствари не е битно тоа
него си најде ли женска?“ –го прашувам
„Не.. никоја не ме сака“
„Сакаш јас да ти помогнам, не треба да ми платиш многу,
„Зошто да ти платам?“
„ Е овака..ми стигнаа реплики на Исус,
распнат на крст во природна големина
топ квалитет, од пластика што не рѓосува,
еден приватњак ги прави во Струмица
не се многу, едно 300 комада … ко за тебе 20 евра/комад
„и?“
„Па на секој кружен тек, на секој семафор ќе ставам по еден
и на секој ќе има апел,
некоја патетика дека бараш женска“
„Хмм, знаеш дека добра идеја ти е … сите ќе се ѕверат во него,
секоја женска ќе ме види“
„Само не знам дали да
му напишам на градите дека бараш женска
или да закачам табла?“
„Па подобро табла, скрнавење е да го шкрташ со ауто лак“
И така, му ги земав тие 6000 евра на Зоки,
и на секој распнат Исус
закачив табла „барам женска за озбилно“ и негова слика
Немам појма што направил, одма го сменив телефонот
државјанство и пасошот
Ако некој знае нека ми пише
на [email protected]

Посетено 696 пати