Херпес

[fblike]samoubistvo
Лежам на кауч во мртва тишина.
Цевката од пиштолот ми е потпрена на слепочница
и се мислам дали да пукам ама
страв ми е само да не се лизне куршумот
пошто сум испотен од нервоза па да го
погоди телевизорот, едвај го купив, на рати.
Нема врска, чкрапнав-ништо.. повторно-пак ништо
Не ми се верува, сум купил расипан пиштол или
па нема куршуми
Проверувам… стварно нема куршуми..кај испариле не ми е јасно?
Ау да… пред 2 месеца ми требаше барутот кога ја
правев онаа смесата против херпес што ја видов на ФБ
и ги упропастив куршумите.
Како само се заебав, не само што не го излечив херпесот
него тој толку
се зголеми што на крај се осамостали,
па ми се насели во соба и ме избрка
Од тогаш спијам во дневна, на кауч.
А ова херпесиштево секој ден ме гњави да сме искочеле зедно,
да му местам некој женски- херпес
ама срам ми е да искачам со него,
замисли ме како и се пуштам на некоја женска во кафич
а до мене стои херпес од метар и пол.. одма добивам корпа
„најди ми женска, најди ми женска..“ – бескрајно ме тупи
„а бе кај да ти најдам..сите девојки што ги знам
се убави, стокмени, ниедна нема херпес,
ма ни бубуљици немаат, евентуално подочњаци“
„не се палам на подочњаци, сакам женски херпес“- упорен овој
Ми текна на една опција, си викам ај да пробам
Го облеков херпесов во мојата најубава облека
и отидовме на Клиника, на Кожно
Гледам по пацијентиве во чекална, секакви болести имаат
само со херпес нема ниедна
И тогаш се појави таа.. во едно тенко, најтенко хаљинче
натакнато на најзгодно тело на свет ама фацата не и’ се гледа,
има огромен херпес на уста.
И јас и мојов херпес ја гледаме со срциња во очите,
не ни се верува. „може оваа ?“ – го прашувам
„може, се заљубив“- ми мумла нешто
„девојко извини“- ја прекинувам додека си го чеша увото
„да“ – најмилозвучно ми одговори
„сакаш да те ослободам од херпесов за 2 секунди?,
ама ако си згодна во фаца мора да се фатиш со мене“
„хммм, хммм..може зошто да не“
„ајде херпесу мој, ти са на ред“ – му викам
Се доближи до неа, го залапа нејзиниот херпес
и го шмука, шмука, тегне, влече и конечно
успеа да и’ го отргне од фаца.
„аууу колку си згодна, дефинитивно мора
да ми бидеш девојка“ – и викам а срцево ми чука во
7- осмини, 8 – деветини и слични дропки
И така да скратам, се фативме и
се земавме после 9 месеци,
само настана еден проблем
Ние имаме едно ете ама не знаев
дека херпесиве се котат како глувци?!
Кога стана неиздржливо да се живее со 2 големи херпеса
и 24 деца-херпесчиња и им го препишав станот
а ние се отселивме под кирија во Скопје-Север,
што подалеку од нив.

mondivi_baner_wide

Посетено 608 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!