Ех бабичке, долга и тажна приказна..ама фасонката е крива

Синко да те прашам нешто- ме прашува
една баба што седи до мене во чекална
„прашај бабичке“
„зошто си целиот окован со ланци“
„ех, долга и тажна приказна“
„е ако де, кажи ја и онака докторот не е стигнат“
„па овака..сабајле некој ми ѕвонеше на врата
долго ѕвонеше некој 15 мин.. не отварав
пошто претпоставував кој може да биде
ама од пуста радозналост ѕирнав низ шпиунката
и во право бев..пак ивршители.. не знам зошто пак доаѓаат
кога предходно се’ ми собраа
Ги слушам како зборат
едниот вика „што џабе ќе влегуваме, се му земавме на јадников“
а другиот, според гласот некој помлад вика
„а бе што го ебеш, ќе го однесеме на лекар и се што чини
нека му извади па ќе го шитнеме на црно“
„како мислиш?“
„па сите органи, бубрег, очи, срце.. се’ што е здраво“
„да знаеш дека си во право.. можеме и душата
да му ја земеме на крај..знам една секта што купува души
„него ај да ја скршиме вратава, како да слушнав некој
дека дише позади неа“
И така бабичке кога го слушнав тоа решив да се сокријам
ама не знаев каде, се мислев под паркет
ама ќе се примети и ми текна да се сокријам во фасонката
од лустерот во спална
Ја извадив сијалицата и некако се убутав во неа
Едвај да ти кажам право…или фасонкиве помали ги прават
или сум се здебелил
И така седам скриен внатре а овие ја скршија вратата
и ме бараат низ станот.. влегоа во спалнава
и постариов му кажа на помладиот
„ај упали светло ништо не се гледа“
Е кога овој го штракна прекидачот таква струја ме мавна
што пукна фасонката а јас паднав точно пред нив
И така, ме фатија , ме врзаа со ланци да не им избегам
и ете, сега сум тука на доктор да ми ги вадат органите“
…………………………………………..
„тажно стварно, а косата затоа ти е таква?..од струјата?
„не природна ми е“
„извини“
„ништо бабичке а ти зошто си тука?
„ќе ми го вадат носот?“
„носот?..зошто?“
„како зошто?..гледаш дека имам 2 носа
едниот ми е вишок“
„ау да..јас па мислев дека ти е тртка некоја“
Во тој момент се слуша сестрата како вика
„ај внесете го Зоран“
„е така бабичке..ако имаш згодна внука кажи и ’
дека ми е жал што не сме се упознале“
„имам …да знаеш кава е..капка..сега ќе ти покажам слика“
Ама немаше време, двајцана силеџии- извршители
ме грабнаа и ме збутаа во салата за операции
Полека ме фаќа анестезијата, што убаво ми се спие
ама нешто ме копка
Што ќе остане од мене на крај?….
Јетрата сигурно нема да ми ја земат, тоа сигурно
не се до толку будали… а можда и се’, кој да ги знае
Како и да , ќе видам за некој саат
кога ќе се разбудам… ако се разбудам

Посетено 1.591 пати