Драган Таневски

Усните се направени за бакнување

Усните се направени за бакнување, а некои упорно ги користат за карање. И после биле несреќни. Драган Таневски

Некој рекол „љубовта е слепа“

Некој рекол „љубовта е слепа“. Заблуда е тоа. Многу добро гледа, само не и смета тоа што го гледа.

Во убави раце да се заљубиш кукле

Во убави раце да се заљубиш кукле. Во раце шо те креваат кога паѓаш. А ти знаеш дека тоа е често. Во раце да се заљубиш шо те носат кога ќе снемаш сили. Шо те држат цврсто на површина кога вртлогот од животни проблеми те влече на дното. Во раце да се заљубиш кукле, шо...

Како деца викавме – “мечка страв – мене не страв” и скокавме

Децо, не треба вас да ви мудрувам, вие се раѓате со две-три магистратури и бар еден докторат… Ама околу животот, работите стојат така – за ништо нема гаранција. Се е ризик. Одењето по улица е ризик, возењето точак е ризик, летањето со авион е ризик, заљубувањето е...

Има едни девојки, ги нервира кога дечкото “ги замара” со тоа што е премногу фин…

Има едни девојки, ги нервира кога дечкото “ги замара” со тоа што е премногу фин и внимателен, им посветува внимание, им се јавува, им се извинува кога ќе згреши, па ќе го игнорираат, и полека полека ќе го отстранат од својот живот. И знаеш што? Супер е така. Дека им...