Драган Таневски

Да знаеш дека ти си ја насмеал така слатко

Погледни ја кога ќе се насмее од срце, брат. Онака, да се закикоти од петици. И да знаеш дека ти си ја насмеал така слатко. Знаеш, на сите оние стресови што постојано ја јадат однатре како див ѕвер, тоа смеење ја лечи брат. И го продолжува животот. Она знае дека стресовите не...

Провинцијалка

Од мал град е. Нејзините се сиромашни. Студира тука. Се вози со точак во лето и со автобус во зима. Дели соба со уште една колешка. Се издржува со продавање парфеми по фирми. Не сум ја слушнал да повиши глас на никого. Ниту да опцуе. Хартивчето од мастиката го враќа во џеб дур не...

Зетко, стани, имаме муабет ја и ти

- Зете… зете… – го плескаше по образ за да го разбуди. – Зетко, стани, имаме муабет ја и ти. – Упорно го будеше. - Кај сум… тој полека отвараше очи - Еееете така бе зетко, отвори ги очињата. У подрумот на викендицата сме. - Зошто си ме врз...

Струмичка Мастика

Седеше на подот, докрајчувајќи ги последните капки од струмичката мастика. Последното шише што му остана од дедо му. Дедо Ѓоко беше еден од најстарите мајстори во Грозд Струмица, и според зборовите на неговите колеги – единствениот вистински мајстор на занаетот. Т...

Не и се лутете што цел ден го поминува на прозорец

Не и се лутете што цел ден го поминува на прозорец. Таа не е како оние кои берат туѓа грижа и живеат туѓи животи. Не е како оние што водат прецизна евиденција на туѓите грешки. Не е таква она. Туку, си поигра животот со неа. Грубо си поигра. Проба љубов на рана возраст. Лудо ...

Одма те познав „бе брат“ – посебно го нагласи тоа „Бе брат“

- До каде? - До Сити мол - Ти не си тој писателот, Драган Таневски? - Да, јас сум… – пријатно ме изненади таксистот. Немаше повеќе од 30 години. Имаше блага насмевка, од оние шо цело лице им се развлекува од уво до уво. - Одма те познав „бе брат“ – посебно...

Живот без сакање-живот ли е?

Среќен човек да си засакаш кукле. Среќните луѓе не наоѓаат маани. Тие научиле дека намќорите никого не сакаат. Ситничарат и мрморат, ти ја полнат душата со отрови. Затоа, среќен човек да си засакаш. Дека среќниот човек и тебе ќе те прави среќна. Среќниот човек ќе ти ги избр...

Квалитет

Луѓето се направени од ултра-квалитетен материјал. Творецот не си играл рулет кога ги создавал. Многу често се случувало некој од кого сите кренале раце да се освести и да стане сушта спротивност на она што некогаш бил. Дури и да постигне многу големи нешта. Се е до мотивацијат...

Што сум јас?

Што сум? Хомо Сапиенс? Што знам… можда и не Поише личам на гризли посебно кога гушкам Или анаконда посебно кога бакнувам Што сум јас? Kлукајдрвец Посебно кога си ја мавам главата од ѕид кога ќе заглавам со некој стих Или гепард кога трчам по тебе и обавезно те стига...