Дождот и скршените срца

rain & hearts_majkatiitatkoti[fblike]
Ми приоѓа едно дете, мокро жива вода
и многу слатко,
со зелени очи и исто такви мрсули
а на јаже држи едно облаче од кое истура дожд
„чичко ако можеш да ми го причуваш облачево?“
„може ..само исклучи го да не врне“
„расипано е копчето… ама веднаш се враќам“
„добро,“
Сега стојам како покиснат мамлаз на сред троатоар,
а од облачево врне, истура
Луѓе проаѓаат, само мавтаат со главите и ме разминуваат
Гледам една девојка како несигурно ми се
приближува и тивко ме праша
„Може да ти правам друштво?“
„Да, баш убаво“
Ме гушна и така стоиме без да збориме
кога осетив нешто лепливо на мојава кожа
„Девојко што тие?….Се топиш“
„Знам ..јас сум од шеќер направена, се топам на мокро“
„Па тргни се од дождов !!!“
„Остави ме ..сакам да се убијам“
„Ааа нема да може под мојот облак“
Го пуштив облакот, ја внесов девојката во првата слаткарница
и ја натерав да изеде цел плех шампити
Откако престана да се топи и си дојде на себе
ја прашувам
„Зошто сакаш да се убиеш, види се колку си згодна“
Се колебаше некоја секунда, ги откопча кошулата
и прслучето, ги отвори градите
и „види“…ми вика..“види како ми е срцето распукано“
„Да стварно..ама не е страшно .ќе ти зарасне,
ај види ме мене“ и ја соблекувам маичката , ги отварам градите
„Гледаш, моето е уште поскршено“ – и’ викам
„Даа, страшно..баш ми е жал“
„Ама не е само тоа… гледаш како нешто ми
мрда во белите дробови?“
„Еј да… како некое животинче ?!“
„Па да..имам рак“
„Рак.. па јас можам да ти помогнам“
-радосно извика
„ај не зезај..па милион доктори не можат да ми помогнат“
„да, серизона сум , знам како да го извадам“
„стварно ??.. ај извади го ..ептен те молам“
„добро..ама не гледај да не ти се слоши
и ако те боли издржи малку“
Нешто почна да ми буричка, изгледа се бореше со ракот
и после некое време вика„еве гототво“- и во
дланка го држи мртвиот рак
„ууф голем бил…фала ти ,многу..
Ај ќе идеме кај мене , те частам ручек“
„да може, а што ќе ми спремиш?“
„па раков ќе го спремам со фетучини, може?“
„њам..може“
Искачаме надвор, што да видиме..поплава
Облакот што го пуштив се швркнал,
врне како од библија да искочил
Ја земав девојката во раце и ја покрив со мојата
маичка за да не покисне и среќен тргнав накај дома
„Извини да не имаш 70 ден…ги потрошив парите
за шампитите..сакам ќечап да купам за фетучините“
-ми текна да ја прашам
„А не мора… не јадам кечап“
Леееее, се заљубив, ни јас не сакам кечап
Уффф, само да не ми се стопи додека стигнам до дома
Посетено 1.443 пати