Тито беше црно – бел лик!

Тито беше интересен човек. Пред сѐ фраериште и убавец. Во негово време се живееше убаво. Не беше измислена депресијата и тинејџерските хормони. И не постоеше климакс. Имавме пасош кој важеше секаде, но “морално” беше неговата слика да виси во сите училници. Имавме култ кон личност, но не знаевме. Мислевме дека се разликуваме од останатите социјалистички земји, но не беше баш така (до некаде). Тие не можеа да мрднат од државите за разлика од нас, но и кај нас се одеше на робија врло веома лако. Тито го измисли Голи Оток за неистомисленици. Ама со Тито бевме сите исти. Повеќе или помалку. Постоеше црвена буржоазија, ама ништо страшно. Тие имаа по два три стана и викендица покрај езеро. И , богами студираа надвор. Ама Тито ни даде слобода, спокој, немаше видлив криминал. Сакаше да му се поклонуваме. Слетот на 25. Мај беше олицетворение на подаништво кон еден човек. Ама не бевме свесни. Убаво ни беше да трчаме како слепци со локалните штафети од точка А до точка В, па да преземат нови деца и да трчаат до точка С. Лудило! Ама убаво ни беше. Тито не крадеше, не му требаа пари, бидејќи не одеше во продавница.

Тито беше црно – бел лик!

Посетено 1.264 пати