Сообраќајни крилја как да си метнам

Утрински гужвишта. Од споредна се префрламе на главна улица. Течат колони возила. Ми се “паѓа” прва во споредната колона. Тој позади ми свири континуирано. Не знам кој хормон го излачив “секундарно”, ама беше од страшните.

НАГЛО излегувам! Штрак, штрак, штрак со штиклите.

Му чукам на пенџерче.

-(ѕзззззззз – отвора)
-ИМАШ КРИЛЈА!?
– Немам. Зошто?!
-ДА МИ ГИ ПОЗАЈМИШ ДА ГИ ПРЕЛЕТАМ КОЛИВЕ!!
-(спичлес со падната вилица)

Додека се свести да ги изнареди: “гуско”, ” глупачо”, “ако ти излезам сеа” – одлепршав.

Во сообраќај да не се чепкаат жени со хормонални осцилации😎

Посетено 385 пати