Преправачки

Значи зимаш плата. Тој ден си најтужна. Како да се распределиш, а да не пукнеш од мука. А демек платата ти е лелеее над МК просекот. Сиротиња, сиропатлиште, сироткович! А што да кажат другите, си викаш!

Сместа пола плата ја остааш у ’Зегин’ пошто, нели, цела се распаѓаш, ама се преправаш дека си цутка. Дел ОДМА и’ враќаш на државата (струја, вода, телефони….дрн дрн дрн), дел оставаш во ’КАМ’ и понекогаш ’Веро’. Нели мора по дома да јадете, да се бањате и да не шетаат крокодили. СреСВата за лична хигиена и хигиена во домот се изгор. На допир у продавница целата плускавци се прајш.
Ти останува делченценце од платата и тука стануваш преправачка – ’звезда гранда’.🙈 Се преправаш дека пљачките, ташната, кондурот….ти се прва лига и така се понашаш. Се преправаш у кафана, пиеш и јадеш до смрт. У кафич највише се преправаш. Имаш фЛизура, кармин, наочара, безобразно крената глава и достоинствено сркаш капучино. Цигарата у рука срасната и мавташ додека збориш.
Доообро, влагаш дома ја опушташ фацата од преправање и оние кучешките што ти висат на долна вилица ти се спуштаат до пупак. Нема везе, важно заврши преправачката. Облакаш долна тренерка со олабаен ластик за се’ да биде опуштено. Горниот дел по можност најлабав со две – три петарди од цигари. Лепота!

Види вака да се разбереме, не се преправаш цело време – некогаш стварно ти е убаво!❤️❤️❤️❤️❤️❤️

Посетено 600 пати