САКАЊЕ

Те украдов од сонот,
за да ти покажам
колку те сакам.
Беше топла и мека
како среќен облак,
беше сочна и мирисна
како зрела мандарина.
Сите мириси,
сите сокови
ти ги испив.
За да нема горчина
во душата твоја.
За да нема дождој
во очите ти.
За да ти покажам
колку те сакам.

Посетено 274 пати