Асертивност

Асертивноста претставува искажување мисли, чувства, ставови и убедувања на директен, искрен и социјално прифатлив начин, земајќи ги предвид правата и мислењата на другите луѓе.

Овој термин допрва ќе се користи во изразувањето како неодминлива фраза.

Што би значела асертивноста онака по нашки кажано? Отприлика вака: да кажеш мирно, достоинствено и отворено што мислиш, другите да те ислушаат и да дискутирате. Е, арно ама кај нас – не функционира. Штом си фин и благопријатен твоите мисли и ставови удираат од главите на другите како пинг – понг топче и не те есапат. Затоа, кај нас кутри луѓе кои имаат да кажат нешто важно пробуваат да бидат асертивни и кога немаат feedback пристапуваат кон ДЕРЕЊЕ🙊 И потоа заедницата ги дефинира како агресивни и ненормални. Се повлекуваат. По некое време се појавува нов асертивец – ентузијаст🙆‍♂️ и тој завршува со ДЕРЕЊЕ. Другите ги боли уво. Не се тука. Не ги интересира. Им го губиш времето. Летаргијата им е состојба на умот.

И така се стои во место.

Посетено 129 пати (1 денес)