Ана Бунтеска

Човечките корени се луѓето

Човечките корени се длабоки Колку на стогодишно дрво Испреплетени и силни Удолу, до центарот на земјата Како јазли со кое јадрото е обвиткано Човечките корени не се врзани за држава Ниту припаѓаат на некоја химна или знаме Ниту пак јазик некаков знаат Оти сите сме можеле ваму или...

Да ми е мисла да се сторам

Да ми е за љубов да ти пејам Ко биљбиљ на гранка расцутена Под раскошна крошна ти да дојдиш И на трева зелена да легниш За душа со мене да одмориш Дур меѓу лисја сончев зрак лице ти гали Да ми е соништа да ти раскажувам Како приказни пред сонот да те фати Да ги раск...

Жени со две срца

има жени кои магија во очите носат и со нив ти зборуваат, приказни раскажуваат дури и тогаш кога тишината е најгуста има жени раскошни и сладострастни чии тела мамат воздишки и болни ерекции за кои вреди и војни да се водат има жени кои можат светот да го обликуваат со усни...

Не ми е мене страв од луѓе кои викаат

Не ми е мене страв од луѓе кои викаат Ама ич не ги клавам на дикат Со нив знаеш на што си Ете, не ќе им се бендиса нешто Па ќе се изнавикаат и искараат Ќе врескаат дур не им набабрат жилите на вратот Ќе се запенат и очи ќе ококорат И ги гледаш дека од душа викаат бре Дека од душа...

Да му се насмееш на животот

Да му се насмееш на денот Радувајќи му се ко дете на играчка Да си го сакаш лицето наутро Без шминка а со линии од перницата Да си ги љубиш рацете Гледајќи ги дур возиш низ метежот И ич да не ти е гајле што веќе имаш старечки пеги А не ставаш лак за нокти, кои и онака ги немаш Да...

Голем е патот од мене до тебе пиле

За да стасаш до чоек Многу пат треба да изврвиш За душата да му ја знајш За да си дозволиш својата да ја откриеш И срцето ширум да го отвориш За добредојде некому да посакаш Голем Голем и тежок пат се врви За чоек со чоек да се сплоти Оти не е љубов Она што на прв поглед кликнува...

Неосетно старееме еден покрај друг

И години ќе минат Неосетно ќе не’ жигосаат По косите и кај очите Со бели влакна и пајажинести смејалчиња Со уште по некоја болка во зглобовите И терсене табиет Неосетно старееме еден покрај друг Навикнати на мирисот на оној другиот До толку Што веќе не се душкаме ко кутриња А...

Има луѓе покрај кои цутиш

Има луѓе покрај кои цутиш Во чија сенка твојата удобно ќе се смести Како по калап да ви се напраени Како стар чоек на омилената фотеља ко ќе залегне За да дремне напладне дур радиото зуе во позадина Ко расфрлано цвеќе во градина Навидум без ред, а во совршена хармонија И цу...

Застоени луѓе и алишта не се чуваат

Има голем марифет во спастрување алишта Ете, на есен ги диплиш летните Ама полека и со усул Да не ги најдиш на лето згужвани Та ги ваѓаш зимските Ги протресуваш Ги ветрееш надвор на студот Запеглуваш таму кај шо треба И ги редиш во плакарот испрани Чисти, ко нови да ти се...

И за љубов треба чоек да го бива

Убо велеше баба ми Секој чоек за нешто го бива Ете, некој знај од игла и конец магија да стори Да ти извези убајни за окото да ти одмори Да ти ја пораби со среќа душичката Или Некој знај со железо валцер да игра Та го врти низ раце небаре кревка жена И туку наеднаш некој ук...