6 работи кои вашето момче никогаш нема да ви ги каже

Момците како и девојките имаат работи кои ги премолчуваат во врската. Но, тоа и не е толку страшно се додека девојките ништо не знаат.

Ова се 6 најчести работи кои вашето момче ги премолчува од  вас со цел да не ве повреди.

1. Му се допаѓа вашата сестра или мајка – сте решиле да го запознаете со вашата сестра или мајка за кои тој мислел дека и не се толку атрактивни. Но, кога ги запознал му се допаднале физички.


2. Мисли дека имате целулит – можеби вие никогаш не сте биле пријателки со целулитот, но вашиот сакан секогаш ќе смета дека треба да имате поцврст задник или нозе.

Мажите иако нема да ви го кажат ова, ќе пробаат да ви го наговестат индиректно со предлог за заедничка посета на теретаната.


3. Би сакал вашиот градник да е барем едно бројче поголем – иако вашите гради се доволно големи, тој секогаш ќе сака повеќе, како и секој типичен маж во светот.


4. Мрази кога глумите дама – тој нарачува пица а вие секогаш овошна салата, сакајќи да оставите впечаток на дама.

Момците го забележуваат тоа, но никогаш нема да ви го кажат за да не ве навредат. Запомнете дека тие сакаат девојки кои имаат добар апетит.


5. Гледа порно секој ден – како и секое момче на планетата, така и вашето гледа порно секој ден. Соочете се со овој факт и не го прашувајте постојано дали го прави тоа, бидејќи ќе ве излаже.


6. Неговата бивша била подобра во кревет – можеби вие како двојка се вклопувате одлично во сексот, но постои можност неговата бивша девојка да го задоволувала повеќе на тоа поле.

Момци, во право сме, нели?

Посетено 9.132 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!