10 минути на интернет

Гледам по интернетов10_minuti_na_net
што се можеш да направиш за 10 минути !!!!
-да ослабиш помеѓу 4 и 60 кила
-да набациш бисепси, трицепси, баклави и ромбови
-да ти снема целулит
-да се излечиш од рак
за обични болести доволни се 3 минути
-да ти снема бубуљици
-да фатиш женска, да се ебете пола саат
и се’ тоа за 10 минути
-да станеш милионер и да го свртиш пола свет,
и тоа за 10 минути
-да се отрезниш за 10 минути без да повраќаш
а си пиел ко стока 2 дена
-да земеш кредит на 15 год. а го враќаш за 8 мин.,
и уште имаш 2 минути фазла да тркнеш до Солун во Икеа
-да ти побелат забите и да ти одбелее косата
Се’ ова е убаво ама го читам додека 2 саати
чекам за преглед
Немаше да биде лошо тие „10 мин“
да важат и во вистинскиот живот

Посетено 215 пати