Што е 8-ми март?

6963695829_b33ed9e0cc_b
Жените вработени во текстилната индустрија во Њујорк, на 8-ми март 1857-ма година протестирале заради лошите услови и ниските плати. Денес, благодарение на нив, го одбележуваме Меѓународниот ден на жената.
Тој ден, американските работнички марширале и барале подобри услови, работно време од 10 часа на ден, зголемување на платите, право да гласаат, и воопшто еднаквост. На собирот присуствувале стотина жена, а бил прекинат од полицијата.
Сепак, по неколку месеци, работничките во текстилната индустрија основале работнички синдикат. Протестите на незадоволните жени во тој период се зачестиле, а еден од најзначајните е одржан во 1908-ма година, кога во Њујорк марширале 15.000 жени барајќи го истото што и нивните претходнички – право на глас, поголеми плати и пократко работно време.
Две години подоцна, во 1910-та година, во Копенхаген е одржана Првата меѓународна женска конференција, каде што овој ден е прогласен за Ден на жената.
Предлогот за одбележување на денот го дала Клара Цеткин, позната германска активистка за правата на жените. Во 1911-та, повеќе од милион жени го славеле Денот на жената во Германија, Швајцарија, Австрија и Данска.
Набргу во Русија денот станал и државен празник, а во советската ера се одбележувал како празник за „херојството на работничките“.
Од 1975-та година, која ОН ја прогласи за година на жената, овој празник и официјално е Меѓународен ден на жената. Денес во чест на дамите секој осми март се одржуваат бројни манифестации.
Посетено 282 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!