Пешна – природниот културен споменик што го заборавивме

14611162_10153839347052175_1617494306930823979_n
Ако ги ѕирнете стандардните податоци за пештерата Пешна на Википедија, ќе дознаете дека се наоѓа во близината на Македонски брод и има најголем отвор на Балканот.
Ама Пешна е многу повеќе од статистика. Пешна е место од легенди и место што дефинитивно треба да го ставите на вашата листа на предели од Македонија што мора да ги посетите.
Прво, легендата. Двете тврдини од кои денес има само остатоци, наречени „Девини кули“, биле домот на сестрите Дева и Пешна на Крале Марко. Бидејќи во тоа време жените не смееле да излегуваат без придружба, а со цел сестрите да комуницираат, Крале Марко го изградил замокот за Дева спроти оној на Пешна (кој бил на влезот на пештерата, по што го добила и името). На тој начин сестрите комуницирале со помош на ехото од пештерските ѕидови.
Патот до пештерата е лесен и многу лесно може да се снајдете (за се друго постои Navigon или MapsMe), но за чудо овој локалитет не е толку популарен ни кај странските, ни кај домашните посетители.
Веројатно затоа при мојата посета наидов само на еден ентузијастичен човек што сакаше да ги види лилјаците и едно семејство од швајцарски иселеници што енергично шеташе по карпите, но и долу до изворот.

14591822_1326999327342725_3082056589301779955_n

Веднаш кога ќе стигнете, ќе се воодушевите од големината на отворот на пештерата. Грандиозно дело на природата што секако ќе ве повика да го истражите.
Њујорк Тајмс ја има споредено со Хелмс Дип од „Господар на прстените“, па веројатно претпоставувате дека без претерување, ова е навистина место што вреди да се посети.
Заради големата влажност од изворите кои понираат од селото Крапа, патеката до пештерата изгледа како дел од дождовна шума во сите можни нијанси на зелената боја.
Двеста метри под земјата има езеро со ендемичен вид на човечки риби чија кожа наликува на човечката, карактеристика што претходно можеше да се сретне само кај рибите од Постојнска јама.
Системот пештери наводно е долг околу 10 километри и е еден од најдолгите во Македонија, а разни спелеолошки друштва со години ги истражуваат пештерите кои кријат подземни богатства што не можат да се сретнат на ниедно друго место.
А освен тоа што изгледа величествено однадвор, Пешна нуди уште поспектакуларни глетки кога ќе влезете во неа. Како што се искачувате по карпите (многу лесно), така зад вас се отвора поглед што не се опишува со зборови. Затоа за среќа постојат фотографии.

14632975_1326999310676060_3819556226084868145_n

Посетено 391 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!