Отпад за отфрлени и изгубени души

„Баци дај некој динар“
-ми вика мало изгладнето и мрсулаво циганче
-Еве ти….и ај честит празник, Ден на Децата“
„Не сум дете, јас сум коњ и касица прасица.
Рмбам како коњ по цел ден, просам
мијам шофершајбни па и крадам ако треба
а им ги полнам џебовите на други“
„идеш во школо?“
„не..немам кога“`
„И што ќе бидеш кога ќе пораснеш?“
„Ќе отворам отпад“
„Да отвориш за отфрлени и изгубени души,
ќе се шинеш од работа“ – го советувам
„Што е тоа „душа“ ? “ – невино прашува
„Нешто што многумина од нас го изгубиле“
Ме гледа со прашалници,
а и мене више не ми е јасно,
ама знам дека околу мене се почесто
само тела гледам,
кој знае што се случува со душите ?

Посетено 1.387 пати