“Знаеш дека се секирам”

Има една склоност кај македонските мајки и жени, што ја сметам за несоодветна и не знам дали е од поново време или така било од секогаш, иако, судејќи според ликовите во литературата, како да е од поново време.

skopje noke

Нашите мајки (жени) кога работите не течат глатко „СЕ СЕКИРААТ“ и тоа го прават како да е којзнае колку возвишен чин и како со тоа да извршуваат некоја важна, морална обврска… безмалку се гордеат. Правејќи така, не само што не му помагаат на човекот кој има некаква мака, туку и му отежнуваат, а пред сЕ и тие самите стануваат предмет за грижа, па човек почнува на сета мака да се грижи и за нив, зашто тие, „се секираат“. Така всушност, несвесно го наметнуваат личниот егоизам во прикаската во нечујна порака која изречена на глас би била: „Тебе ти е тешко, ама мене заради тоа ми е уште потешко, и јас сум жртва, еве заради тебе не спијам и тн.“

А како би било, наместо да „се секираат“ да испраќаат бодри, убави мисли; да си создаваат добра внатрешна слика дека сЕ убаво ќе се реши или нечујно, без многу драма да му се најдат на човек, заборавајќи во тој миг на себе. Има и такви, не велам не  особено околу мене 

Посетено 1.791 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!