Sирнете Во Луксузниот Стан На Кристијан Греј

Дизајн на сетот 
50_shades_stan-pocetna_majkatiitatkoti

Главниот лик во филмскиот хит “50 нијанси на сиво” живее
во луксузен апартман кој го опреми компанијата 
Covet Lounge

Екстравагантно и скапо, најдобро го опишува изгледот на интериерот кој за популарниот филм “50 нијанси на сиво” го осмисли тимот на компанијата Covet Lounge. Кристијан Греј е млад милионер бизнисмен кој со простор треба да го задржи својот статус и префинет вкус. За опремување на сетот се користени само врвни брендови како што се Boca Do Lobo, Brabbu, Koket и по некое парче “винтаж”намештај. Во интервју за порталот designboom креативен тим откри дека тие се обиделе да  дадат впечаток на безвременска елеганција и префинетост: “Кристијан Греј е високо образован човек со прецизно око за уникатни парчиња на мебел. Неговата професионална страна се гледа во парчињата со потпис на брендот Boca Do Lobo, додека неговата дива и малку темна страна најдобро се приметува од парчињата со потпис на брендот Brabbu“, велат тие. Сите парчиња се дизајнирани пред самото снимање на филмот, а сценографите ги избераа само оние кои беа потребни за во станот на г-дин Греј.
Посетено 3.961 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!