Sирнете Во Луксузниот Интериер На Првиот Приватен Боинг 757-8

Луксуз вреден 400 милиони долари
Boeing747-pocetna_majkatiitatkoti
Ова е внатрешноста на првиот приватен авион Боинг 747-8,
кој е наречен небеска мега јахта, делумно поради
прекрасниот интериер, а и поради должината
на трупот од импресивните 60 метри
Овој прекрасен авион може да прими 450 патници, кои може да се сместат во пространа кабина широка 6 метри и долга над 60 метри. Американската компанија Greenpoint Technologies, со седиште во Вашингтон, го претвори стандардниот патнички авион во ВИП оаза меѓу облаците. Дизајнот и реализацијата на овој авион, која траеше три години, беше спроведена во согласност со желбите на непозната клиенто. Компанијата Greenpoint е дискретна и мистериозна кога станува збор за деталите на проектот за кој прикажа само компјутерски генерирани слики кои покажуваат како може да изгледа внатрешноста на авионот.
Се претпоставува дека ова е најголемиот патнички авион кој вклучува ресторан, трпезарија, спална соба, гостинскат соба, две големи дневни соби, канцеларија и сала за состаноци. Цената на овој импресивен гигант е подеднакво импресивна и изнесува 400.000.000 $. Овој авион е единствен во светот, а судејќи по компјутерски генерирани слики кои може да се видат подолу, јасно е дека всушност повеќе личи на луксузен хотел со пет ѕвездички одколку на патнички авион.

Boeing747_02

Boeing747_01

Boeing747_03

Boeing747_04

 

(Посетено 2.215 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*