Зетко, стани, имаме муабет ја и ти

peko-banner

nasilstvo-naslovna_majkatiitatkoti

- Зете… зете… – го плескаше по образ за да го разбуди. – Зетко, стани, имаме муабет ја и ти. – Упорно го будеше.
- Кај сум… тој полека отвараше очи
- Еееете така бе зетко, отвори ги очињата. У подрумот на викендицата сме.
- Зошто си ме врзал бе? Пушти ме бе стари, нормален ли си
- Абе кај се брзаш па ти па, чекај, муабетов да го завршиме прво. После ќе те пуштам.
- Пушти ме бе, ќе викам, АЛОООООО!!! – се дереше на цел глас
- Зеткоо, во круг од неколку километри нема никој, ама викај си ти слободно.
- Што е бе стари, што сакаш од мене…
- Абе да те прашам некои работи само, ништо друго
- Што бе, што. Не можеше да ме прашаш дома кај нас, па тука си ме донел?
- Можев, ама си викам, да не им сметаме на комшиите,
- Како се најдов јас тука? Кој ме донесе?
- Ееее, синко, вчера памтиш кога си дојде дома?
- Ништо не памтам од вчера, ништо
- Е, па ќерка ми синоќе си дојде кај мене дома со дечињата. Замисли, сите тројца паднале по скали. Она така ми рече. Шо знам, ја ја учев да оди, и никогаш не паднала по скали кога беше мала. Ама сега често и се случува да падне. Неколку пати се удира во висечиот у кујна, два три пати вратничката од шкафот и паднала баш на око. Ти слаб мајстор си изгледа, за други правиш мебел, ама дома сите вратнички ти се лабави, а зетко?
- Па трапава е бе, што да правам кога е таква
- Аааа, трапава е значи, а? Е па види, ја вчера дојдов кај вас дома да проверам дали ви се вратничките лабави, ама не беа. Ги проверив и скалите, ми се видоа сосема нормални. Само на нешто ми запна окото. Ти лежеше испружен на креветот, а рацете ти беа целите крвави и испосечени. Од што така бе зете?
- Сум се степал изгледа со некои у кафана, од кај знам.
- Аааа, може, може. Ама голем тепач си ти изгледа, си ги скршил сите од ќотек, а тебе никој не те ни допрел, а?
- Од кај знам бе, што прашуваш глупости… и пушти ме више да си идам, работа имам, кој ќе ти ги рани ќерката и внуците?
- Има нешто кај мене за јадење зетко, не се секирај. Стига од џандарската пензија. Туку, ај малку да се освежиш да те замијам со водичка. Полицискиот пензионер на свои шеесетина години, со цврста градба и пргави движења ја истури кофата со нечиста вода врз главата на зетот.
- Што праиш бе стари, ќе зажалиш за ова, жими се ќе зажалиш за ова… аааааа ќе те газам под нозе за ова бееее
- чекај зете, кај се брзаш… чекај, ако не се сеќаваш, имам нешто да те присети – рече стариот додека ги одмотуваше каблите од високонапонското трафо за неонски реклами. Ги приближи двата краја и се појавија искри.
- Што си наумил бе ненормален еден, што си наумил бе алооо
- Зете, да ти го освежам сеќавањето само, ништо повеќе. Еве ме интересира, како тоа трагите на твојата тупаница одговараат со скршениот заб на твоето четиригодишно синче? А зете? Еве објасни ми го тоа – праша со цврст глас стариот инспектор.
- Не се сеќавам бе, не се сеќавам
- Да не си го удрил несакајќи ти? – праша стариот, притоа доближувајќи му ги искречките кабли до влажното лице. – Ќе ми кажеш ли зете? Ќерка ми не се сеќава… можеби кога паднала по скали го изгубила сеќавањето.
tumblr_n00zq8yetk1spnc0yo1_400
- Немој бе те молам тргни ми ја струјата од пред очи
- Што, ти текна? Ти викам ја дека ќе ти се врати сеќавањето.
- Ќерка ти е крива за се. Дефектна жена сте ми дале. Она е крива за се – почна да квичи како џукела зетот – само мани ми наоѓа, ваков сум бил онаков сум бил, пари не сум носел, касно сум се прибирал… се напраила како баба некоја, не личи на жена бе. Ми се гади од неа. Ми пукна филмот. И викам да престане, ама не заќутува. Вика ќе си ги земела децата и ќе си идела. Може да сум ја удрил. Признавам.
- Не зете, не си ја удрил. Окото си и го оштетил. Вилицата си и ја напукнал. Реброто си и го прснал кога си ја клоцал. Крв мочаше кога дојде кај нас. Не си ја удрил зете. Неа булдожер како да ја згазил. А малиот кога се фрлил да ја брани и него си го треснал и си му го скршил запчето.
- Несакајки било жими се не сум сакал – цвилеше силеџијата додека искрите од каблите потпукнуваа пред неговите очи.
- Ти зете, дали знаеш јас што работев? Не верувам дека знаеш. Јас бев истражен инспектор. Во мое време имавме методи да дознаеме тоа што треба да дознаеме. Еве ќе ти покажам некои од тие методи. На пример, земаш телефонски именик, го ставаш врз грбот на криминалецот, и после два-три удари со пендракот, се ќе пропее. Не остануваат никакви траги зете. А боли корне. Сакаш да видиш како изгледа кога некој те клоца по грб?
- Немој бе дедо бе немој бе жити се, нема више да ги пипнам се колнам…
- Не, не само што нема да ги пипнеш, туку нема ни да ги видиш веќе – Стариот го стави именикот врз грбот на зетот и неколку пати отсечно и силно го удри. Тој од болката вресна силно, и почна да се бори за воздух. – Стариот го остави малку да подземе воздух, а потоа продолжи на другата страна од грбот – А вака отприлика изгледа кога некој паѓа по скали. Сега појасно ти е малку?
Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор
- Немој више те молам. се ќе ти кажам, немој само да ме маваш више… – процвили силеџијата додека се бореше за здив.- Знам зетко дека се ќе ми кажеш. Само види, јас немам што да изгубам, и тоа треба да ти е јасно. Се што имам во животот ми се ќерките и внучињата. Едната ќерка се омажи за нормален човек што ја сака поише од себе. Ко кралица ја третира. Затоа детето ми зрачи и однатре и однадвор. Другата ќерка те зема тебе. Ти ми го овена детето. И го одзема светлото. Се прашував што нашла во тебе, ама она беше сигурна дека ќе ти помогне да станеш човек. Не зете, од јалово дрво не се бере плод. Ти си тоа дрво. Сега да ти кажам за другите методи што не ги знае никој освен неколку мои колеги. Нозете на криминалецот се ставаат во леген, и внатре се ставаат каблите од ова високонапонско трафо. И оваа метода не остава никаква трага зетко. Никој нема да знае. Единствен проблем е што криминалците често се помочуваат во гаќи после ова. Ама важно се признаваат. Сега ќе ти покажам како иде тоа. – рече стариот додека ги спушташе каблите во легенот. Зетот почна да се грчи испуштајќи грозен звук. – гледаш? ти реков дека ќе се помочаш во гаќи? Ама не се секирај, не е крв, како ќерка ми што мочаше синоќе.
- Немој више бе, те молам немој више… ги тепав, ги тепав признавам… ама се колнам ќе ги оставам на мира, нема ни да им се доближам веќе.
- Знам зете дека нема веќе да им се доближиш. Затоа што скаливе од подрумов мој се стрмни, и ти ќе паднеш по нив попосле. Само уште малку да си помуабетиме, да ти го кажам мојот план. Си дошол да ми помогнеш да изнесеме буре со вино, и си се слизнал од најгорната скала, па си паднал и си го скршил вратот. Јас сум пробал да те задржам ама касно. Касно било зете. Требало да те задржам првиот пат кога ќерка ми се удри од вратничката на висечиот. Тогаш може и ќе те задржев зете, ама сега е веќе многу касно. Види колку се стрмни скаливе. Ако не скршиш врат од прв пат, секогаш има втор… и трет… еднаш мора да успееш зете. Таков е животот. Ти дава шанси да си ја поправиш грешката, ама еднаш ќе престане. За тебе тоа се погодило да биде баш денес.
(Посетено 18.763 пати, 1 денес)

Поврзани Статии

Оставете одговор

*