Здраво уживање во сонцето

Бидете одговорни кон своето здравје и заштитете ја кожата од штетните сончеви зраци
Витаминот Д му е многу потребен на  организмот, првенствено за здравјето на коските и забите, но и за превениција од остеопороза, рахитис, рак на дебело црево, кожни болести. Изложувањето на сонце е примарен начин за синтеза на овој витамин во организмот, со што тоа е природен извор на витамин Д. Изложувањето на сонце е здраво само доколку е умерено и разумно.
„За само неколку минути на сонце, настанува пигментација на кожата“
Не го чувајте препаратот со зашитен фактор само за плажа
УВ зрачењето многу брзо делува на кожата. Потребни се само неколку минути на сонце за настанување на пигментација. Заштитата од летното сонце е задолжителна и во текот на секојдневните активности кога сме надвор, а не само за време на летниот одмор кога сме на плажа. Едни од најважните мерки за заштита се:
Избегнувајте непотребно изложување на сонце – лекарите препорачуваат да го избегнете летното сонце во периодите кога е најсилно, од 10 до 16 часот. Затоа, планирајте го вашиот летен ден за да го избегнете најсилното сонце.

Дознај повеќе…

(Посетено 53 пати, 1 денес)
Pharmanews.mk
Автор
Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.

Оставете одговор

*