Зборови

treva-zborovi_majkatiitatkoti
Љубовни…Нељубовни…
Немирни…Спокојни…
Еден кажан збор, цела една приказна… Приказна со убави емоции, приказна со различни чувства…
Приказна добра, приказна лоша…Колку може зборот да боли?
Од каде му нему таква огромна моќ да може и умее да ни роди лоши чувства, немирни, неспокојни…
Па зарем зборот е посилен од нас? Зарем смееме да му ја овозможиме таа негова благосостојба на создавање пакост кај другиот?
Не. Ние сме посилни од него. Нашето јас како висока планина, а зборот како ниска трева.
Зборови…
Има зборови кои не болат…
Не болат оние зборови кажани од личности кои не се дел од нашиот прекрасен, шарен мозаик наречен живот. Зборови…
Секој час, секој ден, секој момент…
Убави…Неубави…
Вистински…Лажни…
Иронични…
Цинични…
Пакосни…
Колку и да се злобни, пакосни, лоши, гнасни, не болат. Не допираат до нашето духовно јас. До она јас кое со гордост го чуваме и го носиме цел живот.
Немаат моќ ни да се приближат со својата грдотија. Се одбиваат како две различни карпи, едната со една своја неприкосновена и недопрена убавина, а другата со својата гнасна, мрачна и подла грдосија.
Зборови…кажани…некому, некогаш…некаде…
Ќе останат само зборови кои ќе се меморираат во нас, ќе останат само како зборови кои не ја исполниле својата мрачна мисија…
Зборови…
Празни…
Тишина…
Молк…
Зборови празни…
Кажани некогаш…некому…некаде.
Зборови…
Празни.
Посетено 551 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!